Почетна / Сапуници / Видео | Алфа ТВ со страшни грешки при надсинхронизација

Видео | Алфа ТВ со страшни грешки при надсинхронизација

По пауза од некое време, Алфа телевизија се врати на надсинхронизација на странските сапуници. Од неодамна на програмата на оваа телевизија се емитува либанската новела “Чело”, надснхронизирана на македонски јазик. Она што им падна во очи на гледачите и читателите на нашиот сајт и форум е квалитетот на оваа нова надсинхронизацијa.

Се работи за сосема нови гласови кои досега не сме ги слушале. Но, тоа не е толкав проблем колку што се проблем техничките грешки кои настанале при монтажата на надсинхронизацијата, а кои не биле отстранети од страна на тимот на Алфа. Па така, може често да се забележи мешање на гласовите во текот на епизодите, повторување на исти фрази, несредени аудио материјали, асинхроно сцени, сцени во кои е пропуштено да се вметне надсинхронизација итн.

За што се работи, погледнете од следното видео кое го превземаме од Gledy :

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

error: Содржината е заштитена!