Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Среда, четврток и петок на МТВ 1 во 19 часот – „Дајте музика“

Среда, четврток и петок на МТВ 1 во 19 часот – „Дајте музика“

Новосоздадената верзија на детското играно шоу “Дајте музика” започнува на Македонската телевизија. Секоја среда, четврток и петок во 19 часот, ќе ги следите новите снимени епизоди на шоуто, кое со емитување започнува оваа среда (16 октомври).

Следува едно незаборавно дружење, добра забава, неповторлива музика и интересни моменти од животот на главните ликови Јован, Филип, Кики, Наташа, Саша, Тео, како и на многу други клинци и клинцези.

Во секоја од емисиите гостува по една позната личност, па така на гости во Старо Маало ќе ги гледаме Каролина Гочева, Бени Шаќири, Столе Стоилов, Дарио, Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Елена Ристеска и многу други.

Во денешно време, кога сериозно е лимитиран изборот на детски серии и емисии, децата ја пронаоѓаат својата забава на интернет, гледајќи најразлични туторијали од странска продукција кои притоа немаат никаква едукативна содржина. Резултат на тоа е интензивирано користење на технологијата на штета на заедничкото дружење и социјализацијата со врсници.

Затоа, целта на новата сезона на Дајте музика е е да ги инспирира децата да се вратат на местата на кои им припаѓаат: маалските паркови, уличките, училишните дворови, кои ќе бидат нивни свртилишта, места за забава, дружење, перипетии, детски интриги, први симпатии и детски радости.​

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!