Почетна / Забава / Евровизија / Србија се откажа, Македонија потврди учество на детска Евровизија

Србија се откажа, Македонија потврди учество на детска Евровизија

И додека сите земји полека се подготвуваат за големата Евровизија 2025 во Швајцарија, Србија втора година по ред го откажа учеството на детската Евровизија 2024. Супервизорот на РТС за Евровизија, Оливера Ковачевиќ изјави дека средствата за детската ги пренаменуваат на главната Евровизија која за нив е поважна.

МРТ пак која две години по ред не учествува на главната Евровизија, го објави конкурсот за избор на детска Евровизија која ќе се одржи во Мадрид, Шпанија.
Со тоа Македонија стана само дванаесетата земја која ќе учествува, а каде нема да има повеќе од 15 до 16 земји учеснички.

Аудицијата за вокален интерпретатор на детската Евровизија ќе се одржи на 19 јуни во студијата на МРТ.
Очекуваме наскоро МРТ да објави дали и како би се вратиле на главната Евровизија во Швајцарија на која учествуваат скоро 40 земји.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И покрај добиена финансиска подршка, сме одлучиле да не одиме на Евросонг

Покрај барањето на обожавателите, и покрај понудите од изведувачите, особено од Македонецот од Австралија Боби …

error: Содржината е заштитена!