Почетна / Сапуници / Брачни игри | Ве запознаваме со Азра од новата хит серија

Брачни игри | Ве запознаваме со Азра од новата хит серија

Азра е партнер во позната семејна адвокатска канцеларија во Истанбул. Тaa обично се занимава со сензационални судски спорови.

Нејзиниот татко Фарук го напуштил семејството пред многу години, а тоа најмногу влијаело на неговата најстара ќерка. Азра тогаш била дете. Одеднаш таа морала да порасне, да и помогне на својата потиштена мајка и да се грижи за нејзините сестри.

Денес, Азра има свое семејство. Со Серген е во брак 15 години. Изгледа дека Азра има сѐ. Меѓутоа, кога нејзиниот наводно мртов татко Фарук неочекувано се враќа, Азра мора повторно да се соочи со своето минато.

Освен тоа, нејзиниот татко не е единствената личност што се враќа во нејзиниот живот. И поранешното момче на Азра, Јилдирим, одеднаш ќе се најде во нејзиниот деловен круг. Ова ќе го стави бракот на Азра на тест, кој дополнително го очекува едно големо неверство.

Од понеделник до петок на Сител, следете ја приказната за Азра во “Брачни игри”. Современа драма во 19.50 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!