Почетна / Филм / Шпанската драма „Помеѓу две води“ вечерва на Телма во 22.15 часот

Шпанската драма „Помеѓу две води“ вечерва на Телма во 22.15 часот

Исра и Чито се двајца браќа Роми: Исра бил во затвор заради продавање дрога, а Чито се пријавил во маринците. Кога Исра е ослободен и Чито се враќа од долгата мисија, се сретнуваат во Сан Фернандо.

Обединувањето меѓу браќата носи сеќавања од насилната смрт на нивниот татко кога биле деца. Мотивот на Исра за враќање во Сан Фернандо е да си ги врати жената и децата, но дали ќе успее во местото со највисока невработеност во Шпанија?

Нивната потрага по искупување, потребата да ги средат животите и да најдат помирување, повторно ги обединува во шпанскиот филм во недела, 2 април 2023 на Телма од 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата година на Телма ја стартуваме со музичката драма „Елвис“

Филмот „Елвис“, во режија на Баз Лурман, ја раскажува животната приказна на легендарниот музичар Елвис …

error: Содржината е заштитена!