Почетна / Филм / Скандинавска и швајцарска драма во недела на 28 август на Телма

Скандинавска и швајцарска драма во недела на 28 август на Телма

📅 недела, 28 август
⏰ 19:15 – Изборот на кралот

Вистинита приказна за три драматични дена во април 1940 година, кога кралот на Норвешка добива ултиматум од германската војска да се предаде или да умре. Нацистичките војници тргнуваат во потрага по него, а кралското семејство мора да бега од главниот град. Поради семејството, принцезата Марта ја напушта Норвешка со децата во Шведска, додека кралот Хакон и принцот Олаф бегаат во една мала фарма надвор од Елверум и таму ги среќаваат Германците.

По тридневни очајнички обиди да избега од Германците, кралот Хакон носи одлука. Тој одбива да капитулира, па дури и тоа да го чини неговиот живот, животот на неговото семејство и на многу Норвежани.


⏰ 22:15 – Голијат

Љубовта на Дејвид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно ќе забремени. Помислата да стане татко го предизвикува паника кај Дејвида. Кога ќе бидат нападнати, а Дејвид нема да може да ја заштити својата девојка, стравот на Дејвид да не е доволно маж, се потврдува.

Во очај, тој ќе почнува да вбризгува стероиди. Дејвид развива агресивни особини и станува закана за својата девојка и за нероденото дете.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!