Почетна / Телевизија / Шест часовна новогодишна и музичка шоу програма на РТС

Шест часовна новогодишна и музичка шоу програма на РТС

Гледачите традиционално новогодишната ноќ ја поминуваат и со програмата на Радио телевизија Србија, што се гледа и по рејтинзите каде гледаноста е поголема и од доста македонски телевизии за таа вечер.

За дочекот на новата 2019та година, РТС приредува шестчасовно шоу исполнето со музика од најголемите ѕвезди од народната и забавната сцена, многу глумци од нивните домашни серии, тв лица, хор и оркестар. Повеќе од 200 луѓе ќе настапат на грандиозната сцена на РТС пеејќи големи хитови кои ги одбележаа најсјајните моменти од нивните кариери.

Два тима, тим на народњаци и тим на забавњаци ќе одговараат на големи музички предизвици во новогодишната бајка на РТС. Тимот “Народњака” го сочинуваат Весна Змијанац, Драгана Мирковиќ, Цеца Ражнатовиќ, Шабан Шаулиќ, Сека Алексиќ, Харис Џиновиќ, Мирослав Илиќ, Маринко Роквиќ, Жељко Шашиќ, Славко Бањац, Топалко,…

… Стеван Анђелковиќ, Стефан Петрушиќ, Немања Стевановиќ, Митар Мириќ, Снежана Ђуришиќ, Саша Матиќ, Ана Бекута, Чеда Марковиќ, Нада Топчагиќ, Гоца Лазаревиќ, Снежана Бабиќ, Цакана, Милица Тодоровиќ, Драган Којиќ Кеба, Даница Крстиќ, Мирјана Алексиќ, Радиша Урошевиќ, Раде Јоровиќ, Рада Манојловиќ, Јелена Броћиќ, Јадранка Барјактаровиќ, Бранка Соврлиќ, Вера Матовиќ, Биљана Сечивановиќ, Аца Илиќ, Беки Бекиќ, Никола Роквиќ, Марко Роквиќ…

Во конкурентскиот тим “Забавњака” ќе настапат Здравко Чолиќ, Жељко Јоксимовиќ, Џенан Лончаревиќ, Леонтина, Ана Станиќ, Бојана Стаменов, Фрајле, Сале Тропико, Гоца Тржан, Јелена Томашевиќ, Лексингтон бенд, Ивана Петерс, Сергеј Четковиќ, Тијана Богичевиќ, Сашка Јанковиќ, Мари Мари, Јована Николиќ, Ана Кокиќ,Тијана Дапчевиќ, Ѓорѓе Давид, Неда Украден….

Паралелно со музичкото шоу, ќе се емитуваат и скечеви на многу новогодишен хумор. Грандиозен пречек на Новата година, вечерва на РТС во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

error: Содржината е заштитена!