Почетна / Сапуници / Секоја вечер, Сител ве носи на магично патување низ Кападокија

Секоја вечер, Сител ве носи на магично патување низ Кападокија

Од понеделник до петок во 21.25 часот на Сител телевизија ќе се емитува нова турска драма со наслов “Предавство”. Серија снимена во 2020 и 2021 година, која нè носи на едно магично патување низ Кападокија. Во продолжение запознајте се со приказната на серијата и запознајте ја Кападокија без да плаќате никакви скапи туристички аранжмани :

Зумрут е млада девојка, која живее со мајка си Улфет, татка си и сестрата Мелиха. Работи во фабрика и на тој начин го издржува своето сиромашно семејство. Фабриката во која работи е во сопственост на богатото кападокиско семејство Демиркан, чиј внук наследник е богатиот и убав Серхат.

Серхат и Зумрут се вљубени еден во друг, но мораат тајно да ја одржуваат својата романса, криејќи се од сите и сонувајќи за заеднички живот откако Серхат ќе ги заврши своите војнички должности. Но, сонот на Зумрут се претвора во кошмар дента кога дознава дека Серхат е убиен. Во црнина и тага не е обвиена само невината Зумрут, туку и семејството Демиркан кое жали за нивниот Серхат.


По една година, Зумрут добива непристоен предлог од чичкото на Серхат, кој е шеф во фабриката. Тој е заслепен од нејзината чистота и добродушност, па затоа сака да се ожени со младата девојка. Но, срцето на Зумрут сè уште чука за Серхат, па не може во ниеден случај да го прифати Адил за иден сопруг. Затоа, работите во свои раце ги превзема алчната мајка на Зумрут.

Таа по секоја цена сака да излезе од беда и сиромаштија, а сега единствен начин за тоа гледа во свадбата на нејзината ќерка со богатиот Адил Демиркан. И покрај противењето на ќерка си, Улфут смислува злокобен план заедно со Мелиха, сестрата на Зумрут.

Наводно, Мелиха исценира дека таа насила ќе треба да се мажи во богатото семејство и дека ќе се убие ако се случи тоа, па потресена од заканата и заради спас на сестричката, Зумрут решава да се жртвува и да стане невеста во конакот на Демирканови.

Но, на денот на свадбата, откако Зумрут ќе се омажи за постариот Адил, на изненадување на сите се појавува Серхат. Тој е жив и се враќа во местото, но разочараноста е голема кога дознава дека неговата сакана се омажила за неговиот чичко.


Големата љубов на Зумрут и Серхат сè уште тлее во нивните души со искра надеж за повторно разгорување и повторна средба. Како што тој се врати од мртвите, така и нивната љубов ќе се издигне како феникс над предавството и над традицијата која ја опустоши нивната невиност.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли свадба за Чагатај Улусој и Дујгу Саришин

Обожавателите на познатата актерска двојка Чагатај Улусој и Дујгу Саришин со нетрпение очекуваат вести за …

error: Содржината е заштитена!