Почетна / Сапуници / „Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма
ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК во 13.40 часот

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги ги гледаме Ливија Брито (Пепелашка) и Освалдо де Леон (Украдена љубов), а во улогата на негативка ни доаѓа Анет Мишел, позната како опасната Барбара од мегахитот “Кога ќе бидеш моја / Палома”.

Емилија Санчез е самохрана мајка која работи во рудник, каде што го запознава Леонардо Сантамарија, син на Роберта Кастро, најмоќната жена во градот.

Емилија и Леонардо се вљубуваат, предизвикувајќи го бесот на Роберта, која откако дознала дека Емилија го обелоденила нејзиното лошо управување со рудникот, ќе бара одмазда со тоа што ќе ѝ го загорчи животот.

За сите љубители на мексиканските серии, Телма со нова посластица. Гледајте ги Рудниците на страста – од понеделник до петок во 13.40 часот. Забавата може да започне!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската актерка Бедија Беговска – дел од „Балканска приказна“

Македонската актерка Бедија Беговска, доајен на Турскиот театар во Скопје, ја гледаме како дел од …

error: Содржината е заштитена!