Почетна / Сапуници / Погледнете кој ќе му биде ривал на Романтичарот во новата серија
Џан ќе го глуми ликот на пиратот Сандокан во новата верзија на серијата

Погледнете кој ќе му биде ривал на Романтичарот во новата серија

Миленикот на италијанската кинематографија и телевизиска програма, Алесандро Прециози ќе стои рамо до рамо со ѕвездата на турската комедија “Романтичарот”, Џан Јаман.

Двајцата ќе бидат непријатели во претстојната нова верзија на иконскиот ТВ хит од 70-тите „Сандокан“, чии снимања започнуваат оваа есен во Италија.

Од продуцентите потврдија дека ова ќе биде најнегативната улога за Алесандро, кој гледачите во Македонија го паметат по улогите во “Жена како пријател” (А1), “Елиза” (Канал 5) и “Љубовна одмазда” (Канал 5).

Инаку Џан моментално е во Италија, каде се договора за снимање на неколку реклами за познати брендови. На пролет, згодниот романтичар ќе се врати во Турција и потоа повторно ќе замине на Апенините за да започне со снимањето на „Сандокан“.

За улогата на славниот пират, Џан доби покана од продуцентот на серијата Лука Бернабеј. За голема среќа, актерот има завршено италијански јазик, така да нема да му претставува никаков проблем да зборува на тој јазик.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!