Почетна / Забава / Познатиот ланец Proper Pizza се шири во Македонија

Познатиот ланец Proper Pizza се шири во Македонија

 

Најголемата пица од 60 сантиметри пристигна во градот

 

Proper Pizza е познат ланец на пицерии што се шири и во Скопје. Покрај другите ексклузивитети единствено во оваа пицерија ќе се прави пица со димензија од 60 сантиметри во дијаметар. Вистински и автентичен рецепт за пица, докажан квалитет и баран вкус се причините што овој бренд присутен во неколку европски градови станува се популарен и поприсутен.

 

 

Отворањето на објектот во Скопје е природен развој на настаните, со оглед на тоа што сме присутни во неколку европски градови каде сме познати по нашиот автентичен вкус, пријатната атмосфера и високиот квалитет на услугата. Овие три работи ни помогнаа во создавање на бренд и негово ширење. Она што нè прави посебни е тоа што подготвуваме пица со најголем дијаметар и што нудиме решение за сечиј вкус, односно во нашата рецептура за пица сме приврзаници на оригиналната пица, а со разните додатоци овозможуваме вкусови соодветни и за најпребирливите. Со еден збор Proper Pizza е место за вистинска пица по желба во пријатен и релаксирачки амбиент што ретко се среќава во градов“, изјави ко-сопственикот Рамадан Реџепи.

 

 

На површина од 160 метри квадратни, гостите ќе може да уживаат покрај во вкусната пица уште и во модерен и софистициран ентериер, каде се употребени тонови на бои што стимулираат пријатни моменти со пријателите или семејството.

Proper Pizza е косовска франшиза на пицерии која што постои од 2002 година и за многу кратко време израсна во успешен ланец присутен во Австрија, Англија, Германија и Албанија, а наскоро е планирано ширење во Србија и Грција.

Новата пицерија е лоцирана во старата скопска чаршија. Ова катче на беспрекорната пица ќе работи седум дена во седмицата, од 9.00 до 24.00 часот во работни денови и во недела, а во петок и сабота до 1.00 часот по полноќ.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …