По едногодишна пауза, продолжува контактната програма на ТВ Телма.

Од понеделник до петок во 17.30 часот ќе се емитува “Црвена линија”. Водител на оваа сезона е Тина Таутовиќ (Бело глувче) наместо Гоце Андреевски кој замина од Телма и стана портпарол на МВР.

И во новата сезона од емисијата, гледачите ќе имаат шанса да се јават во студиото, да твитнат, да се вклучат и да зборуваат за најжешките твитови и теми на денот. Водителката и во оваа сезона ќе биде на црвена линија со гледачите во однос на сите главни случувања, вести и теми на денот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
