Почетна / Серии / „Приказната на робинката“ на МРТ 1, добитничка на ЕМИ и Златен Глобус
Од понеделник до четврток по последните вести на МРТ 1

„Приказната на робинката“ на МРТ 1, добитничка на ЕМИ и Златен Глобус

Адаптацијата на класичниот роман на Маргарет Атвуд, „Приказната на робинката“ ја раскажува приказната за животот на една жена која е присилена да живее како конкубина во едно фундаменталистичко теократско диктаторство во блиската иднина, во тоталитарната држава Гилед, поранешните САД, каде што женските права во основа не постојат.

Соочен со еколошка катастрофа и остар пад на стапката на наталитет, Гилеад владее со изопачен фундаментализам во неговото милитаризирано „враќање кон традиционалните вредности“, ги подложува плодните жени, наречени „Слугинки“, на ропство за раѓање деца.

Како една од ретките преостанати плодни жени, Офред е слугинка во домаќинството на Командантот, една од кастата на жени принудени на сексуално ропство во последниот очајнички обид за демографска обнова на светот.

Во ова застрашувачко општество, Офред мора да маневрира меѓу Командантите, нивните сурови сопруги, куќните марти и нејзините колешки слугинки – каде што секој може да биде шпион за Гилеад – сè со единствена цел да преживее и да ја најде ќерката што и ја зедоа.

Елизабет Мос и Ивон Страховски од 14 март 2024 година на првиот канал на МРТ во термин по 23 часот. Репризите на епизодите се во сабота и недела исто во термин по 23 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!