Почетна / Серии / „Преку Атлантикот“, историска драмска серија за викенд на ТВ 24

„Преку Атлантикот“, историска драмска серија за викенд на ТВ 24

„Преку Атлантикот“ е историска драмска серија чие дејство се случува во Норвешка и САД за време на Втората светска војна.

Серијата опфаќа широк спектар на настани, но посебен акцент е ставен на односот помеѓу норвешката престолонаследничка принцеза Марта и американскиот претседател Френклин Рузвелт во периодот во кој Марта била бегалец во САД по нацистичката окупација на Норвешка во 1940 година. 

Самата серија започнува кога престолонаследничката, принцезата Марта и престолонаследникот Олав стравуваат од германска инвазија на Норвешка, но владата не ја препознава опасноста додека не биде предоцна.

Кралското семејство и владата се принудени да бегаат, а нацистите се зад нивните потпетици. Марта и Олав донесуваат непријатна одлука да го спасат семејството. А тоа е бегство во Америка.

Нова серија копродуцирана од американски и европски продукции на Велика Британија, САД, Германија, Белгија и Норвешка. Осумтте епизоди од оваа мини серија ќе може да ги следите секој петок и сабота на ТВ 24 во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според веб страната, на Алфа премиерно оди серија која веќе завршила

Доколку ја посетите веб страната на телевизија Алфа, ќе забележите најава за српската серија Прваци …

error: Содржината е заштитена!