Почетна / Сапуници / Потсетете се како започна легендата за „Ќерката на амбасадорот“ на Канал 5
Од понеделник до петок на Канал 5, романтичната сага за "Ќерката на амбасадорот"

Потсетете се како започна легендата за „Ќерката на амбасадорот“ на Канал 5

Ѕвездите на “Карасевда” и “Пари и љубов” во нова љубовна серија на Канал 5 телевизија. Секоја вечер насолзете ги очите со трогателната приказна за Наре, ќерката на амбасадорот. Во продолжение ве потсетуваме како започна оваа серија.

Санџар е син на сиромашен дрвосечач, момче кое никогаш не го напуштило тлото на своето родно место. Наре, од друга страна, е ќерка на амбасадор и девојка која израснала во светски метрополи како Осло, Токио, Кејп Таун, Њу Делхи и Отава. Додека биле наивни и млади, меѓу Наре и Санџар се родила љубов која ги надминала и височините кои некогаш можеле да ги дофатат.

Растејќи еден крај друг, Санџар дознавал за светот од Наре, додека Наре откривала интересни детали за нејзината земја која претходно не ја запознала.

Уживајќи во таа нивна љубов, бар за момент тие имале сила да се спротистават на змејовите, да разговараат со фараоните и да замавнат со мечевите против непријателите. Сите мечти и соништа станувале стварност во нивниот свет, светот на љубовта, наивноста и искреноста.


Но, таткото на Наре бил против нивната врска. Затоа, двајцата млади одлучиле да побегнат и да се венчаат во тајност. Откако Санџар се посомневал ноќта по неговата венчавка дека Наре го изневерила, тој е лут и затоа ќе ја протера од колибата.

Во очај и безнадежност, младата девојка се фрлила од работ на бездната и била сериозно ранета, по што исчезнува и така … се раѓа легендата за ќерката на амбасадорот.

Ноќта кога требаше да се обединат, таа исчезна и никој повеќе не ја виде. Некои рекоа дека паднала во морето и умрела, други рекле дека побегнала во Европа како ќерка на амбасадор. Некој дури напиша балада, но никој не можеше да ја заборави мистичната ноќ и сагата за ќерката на амбсадорот.


После 8 години, Наре се враќа во животот на Санџар и тоа во моментот кога Санџар се жени со друга девојка во конакот на неговото семејство, и е решен да започне нов живот.

Покрај грешките од минатото и сенките на гревовите, двајцата млади не може да го заборват она што секогаш ќе ги спојува – чувствата кои никој нема да може да ги притае и пригуши. Наре и Санџар сфаќаат дека животот не може да оди против судбината, ниту против силната љубов која ја чувствуваат еден за друг.

Што всушност се случило во минатото? Ќе може ли Санџар да ја дознае вистината и да сфати дека згрешил оној момент кога ја избркал Наре од својот живот?

Малото девојче кое сега постои во животот на Наре ќе треба да го омекне срцето на Санџар и тој да ја прифати татковската улога. Но, семејството на Санџар нема да може да прифати ќерката на амбасадорот и нејзиното девојче. Нема да можат, ниту ќе сакаат да ја прифатат Наре за снаа на конакот.

Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Љубов на која сите ќе се радуваат, но само едно нешто ќе ги отвори портите на пеколот.

Топла и тажна приказна за една вистинска љубов, но и приказна за незапирлива болка по таа, голема љубов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Запознајте ја малата и талентирана Мелек од „Ќерката на амбасадорот”

“Ќерката на амбасадорот”, од понеделник до петок на Канал 5. Серија за една љубов, чија …

error: Содржината е заштитена!