Почетна / Сапуници / Потсетете се како започна „Горка земја“ – епската серија на Сител
Приказната за Чукурова - од понеделник до петок на Сител по 21 часот

Потсетете се како започна „Горка земја“ – епската серија на Сител

Од понеделник до петок на Сител телевизија во вечерните часови се емитува новата историска епска драма за една далечна и “Горка земја”. Во продолжение прочитајте како започна серијата и вклчете се во приказната за големата љубов, тешките судбини и доминантните господари.


Зулејха е млада и убава девојка која живее во Истанбул заедно со нејзината злобна маќеа, полубратот и снаата. Во бурните 70-ти години, таа заработува како кројачка и сонува да се омажи за својот сакан Јилмаз, вреден човек кој работи како автомеханичар.

Зулејха и Јилмаз сакаат што поскоро да се венчаат и да го започнат својот нов заеднички живот. Сепак, се случува нешто неочекувано и тие стануваат невини жртви на судбината.


Вели, полубратот на Зулејха, ја продава својата сестра на шефот на мафијата за да му го врати коцкарскиот долг. Не знаејќи за овој факт, Зулејха паѓа во стапица поради суровоста на сопственото семејство. Од друга страна, со цел да ја спаси жената што ја сака, Јилмаз е приморан да го убие мафијашот.

По оваа трагедија, не преостанува ништо друго за Јилмаз освен да избега од Истанбул за да може да преживее надвор од темните зандани, а во тој план му се придружува и Зулејха.

Јилмаз и Зулејха се откажуваат од своите надежи и соништа, па тргнуваат на едно далечно и исцрпувачко патување бегајќи од Истанбул и полицијата која ги демне. Судбината ги носи Јилмаз и Зулејха во Адана во југоисточниот дел од земјата. Таму се обидуваат да најдат работа и да заработат пари додека се вешто ќе го кријат својот идентитет.

Од чиста случајност, Јилмаз наидува на еден од неговите пријатели од воената служба, кој им нуди работа на плодните земји на чифликот на семејството Јаман во областа Чукурова. Така, љубовниците бегалци започнуваат да работат на имотот на Јаман и се претставуваат како брат и сестра за да не бидат одделени едни од други.

Чифликот е позната фарма во Адана која поседува огромни и плодни земјишта. Земјопоседникот Демир е млад и убав човек кој студирал во Берлин, Германија. Тој е модерен и страствен човек кој има за цел да воведе механизација во земјоделството и на тој начин да ја реализира желбата на неговиот татко да стане најмоќниот човек во Адана.

Сепак, неговиот живот драматично се менува откако ја запознава Зулејха. Иако по разводот се одрекол од љубов и брак, сега Демир е маѓепсан од убавината на новата девојка. Без да знае дека е вљубена во друг маж, Демир почнува да гаи чувства кон неа.

Одеднаш се менуваат животите и на богатата фамилија, но и на Зулејха и Јилмаз. Од една страна, тука е госпоѓата Хункар, мајката на Демир, која ќе стори сè за да ја заштити доминацијата на нејзиниот син над плодните земји што нејзиното семејство ги поседувало со векови.

Од друга страна, тука е Јилмаз кој може дури и да убие некого заради неговата љубов. На тлото на горката земја, се раѓа нова, уште полегендарна љубов од онаа која ја запознавме, но дали и овојпат моќниците ќе сторат сè за да го постигнат она што го сакаат или среќата ќе им се насмевне на оние кои веруваат во силата на љубовта?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на „Азра“ и „Фазилет“ во нова играна серија на Сител

Секој сака да сака, и војник и морнар, и сиромав и богат. Тоа не се …

error: Содржината е заштитена!