Почетна / Серии / Полицискиот процедурал „Менталист“ на телевизија Телма во 20.30 часот
Оваа криминална серија ќе ги импресионира сите љубители на класична детективско-форензичка истрага. Навлегувајќи во умовите, „Менталист“ ќе ги реши најстрашните злосторства и ќе игра ментална игра во текот на истрагата

Полицискиот процедурал „Менталист“ на телевизија Телма во 20.30 часот

Одамна ја следевме на Македонската телевизија и кабловската Нова С, сега “Менталист” доаѓа и на телевизија Телма. Од понеделник до петок во 20.30 часот, започнувајќи од среда, 20 јануари 2021.

Патрик Џејн е менталистот, кој откако еден сериски убиец (Ред Џон) ќе му ги убие жената и ќерката, почнува да соработува како советник со една детективска екипа на чело со детективката Тереза Лисбон. Патрик со своите големи ментални способности им помага на детективите на еден многу интересен начин, да ги решаваат убиствата, а воедно цело време трага по серискиот убиец.

Патрик Џејн е истражувач со исклучителна дарба за решавање на најсложените злосторства кои ги направиле пореметените умови.

Тој користи софистицирани вештини на забележувања, заклучувања и умствени манипулации, со кои му помага на тој истражувачки оддел од Калифорнија во решавање на сложена криминалистичка истрага.

Благодарение на својата единствена дарба, овој модерен Шерлок Холмс е секогаш чекор напред пред форензичките анализи, напредната криминалистичка технологија и сите колеги.

Тој ги воочува најситните детали, игра паметни игри и ги чита емоциите на другите, со што на криминалците со комплексен профил и пореметени умови им поставува софистицирани замки со кои му откриваат факти за кои и самите не се свесни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 со летна реприза на американската акција за тимот на „Скорпион“

Од вторник до недела во 22.30 часот, ТВ 24 ќе ја репризира “Scorpion” – американска …

error: Содржината е заштитена!