Почетна / Филм / Инфо | Кунг фу мајсторот Брус Ли во викенд киното на Сител

Инфо | Кунг фу мајсторот Брус Ли во викенд киното на Сител

 

The Minion (1998) и The big boss (1971) овој викенд на Сител

 


 

Оваа сабота, веднаш по “Заборави ако можеш…”, во 21.15 часот, Сител телевизија ќе ја емитува фантастичната американска акција “Следбеникот на ѓаволот” од 1998 година.

Длабоко под градот кој никогаш не спие, е скриено античко зло. Демон кој ќе биде ослободен после осум века. Историчарите откриваат дека тој е бесмртен, но сепак постои само еден начин да се спречи неговото зло. Во улогата на демонскиот дух влезен во човечко тело, се јавува Долф Лундгрен.

 


 

Во недела, пак во истиот термин, Сител ќе го емитува култниот филм на Брус Ли, “Големиот шеф”. По емитувањето на овој филм и еуфоричната атмосфера која следеше после секоја кино претстава како во Кина така и последователно во целиот свет, големиот мајстор Брус Ли доживеа вртоглав успех во својата филмска кариера.

 

 

Успехот кој беше втемелен во основни човечки вредности, принципи, чистина на духовното постоење и надминувајки ги сите до тогаш познати предрасуди и граници во традиционалните боречки вештини,, и ден денеска претставува репер за многу луѓе кои на еден или друг начин се во постојана борба за надминување на себеси.

 

 

Филмот ја прати приказната за суперхеројот и кунг фу мајсторот кој работите ќе ги превземе во свои раце, откако членовите на неговото семејство ќе започнат да исчезнуваат. Во потрага по големиот шеф, човекот со челична тупаница влегува во дувлото на мафијата и започнува со борбата против криминалот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!