Почетна / Забава / Поинаква Нова година со Иван Босиљчиќ во „Македонска опера и балет”

Поинаква Нова година со Иван Босиљчиќ во „Македонска опера и балет”

Започнете ја Новата 2025 година ексклузивно, со енергија, стил и уникатно искуство кое ќе ги надмине сите новогодишни прослави досега! Оваа година, „Македонската опера и балет” и „Прагма продукција” Ви нудат дочек кој е сѐ, само обичен не. Новогодишна ноќ под знакот на музиката, хуморот и незаборавната забава, со специјалното музичко кабаре шоу на Иван Босиљчиќ, проследено со афтер-парти што ќе трае до изгрејсонце.

Замислете новогодишна ноќ исполнета со луксузна атмосфера, раскошно кабаре и стенд-ап хумор што ќе ви измами искрена насмевка. Иван Босиљчиќ, човекот чија харизма едноставно хипнотизира, ќе ви понуди уникатно шоу, полно со хитови, хумор, и искрени емоции. Тој ќе ве води низ една магична ноќ во која секоја нота и секоја шега ќе создадат атмосфера на интимност и гламур, носејќи ве на патување низ најдобрите песни и приказни.

Но, тоа не е сè! Тука магијата не завршува! По шоуто, сè уште нема да биде време за спиење – вистинската забава дури тогаш започнува! Придружете ни се на ексклузивната ретро афтер-парти во малата сала на „Македонската опера и балет”, каде што Вера Јанковиќ ќе го одржи пулсот на вечерта со својата енергија и безвременски ретро хитови. Оваа ретро вечер ќе биде вистинско враќање во времето кога музиката зборуваше сама за себе.

Ве очекуваат моменти кои ќе останат во вашата меморија – изненадувања на секој чекор, атмосфера на гламур и врвен стил, богат коктел, неограничено пиење и магична енергија. Вечерта започнува во 22 часот, кога „Македонската опера и балет” ќе ги отвори своите врати за сите оние кои сакаат навистина поинаков дочек на Новата година. Ова не е само забава – ова е ноќ на магија, ексклузивност и автентично доживување што нема да го најдете никаде на друго место.

Резервирајте го вашето место и дозволете си себеси еден сосема поинаков почеток на Новата 2025 година – ноќ што ќе остане врежана во вашата меморија како ноќ на бескрајна магија и вистинска елеганција.

Картите се пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!