Почетна / Серии / По две емитувања на ТВ 24, комедијата „Гранд“ сега и на локалните

По две емитувања на ТВ 24, комедијата „Гранд“ сега и на локалните

Повторно репризи на руски емитувани серии на МТМ и останатите регионални телевизии ширум земјава. По Благороднички, Бригада, Кум, Хотел Русија, следна во редот репризи е руската хумористична серија за “Хотелот Гранд”, чии две сезони беа претходно два пати емитувани на ТВ 24.

На скопска МТМ ќе се емитува секоја сабота во 22 часот, и реприза во недела во 18 часот.

Амбициозната студентка на провинцискиот универзитет за туризам, Ксенија Завгороднаја сонува да работи во угостителството и да раководи со сопствен хотел. Меѓутоа, нејзините планови, како и студиите пропаѓаат затоа што деканот е целосно опседнат со неа.

Девојката сепак се извлекува од состојбата која прераснува во скандал. Таа е принудена да побегне од родното место во Москва, со надеж дека ќе стане хостеса во хотелот во кој работи нејзиниот татко.

Но таму запаѓа во целосен хаос, новиот сопственик на хотелот менува сè, од управата до името на хотелот. Ксенија го искористува тоа што е гостинка на хотелот и се претставува како квалификувана која сака да добие повисока позиција. Но на лагите ѝ се кратки нозете.

Пред Ксенија има само една можност, да се вработи во хотелот, да почне да работи како перачка, а потоа полека да се качува кон врвот на позицијата управник. Дали ќе успее Ксенија да го скроти својот авантуристички дух и да се вклопи во екипата на хотелот?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската СФ комедија „People of Earth“ секое попладне на Телма

Нова американска СФ серија на телевизија Телма. Од понеделник до петок во 17.40 часот ги …

error: Содржината е заштитена!