Почетна / МК Сцена / После 10 години успешна соработка, Јане го напушти „Фидбек Бенд“

После 10 години успешна соработка, Јане го напушти „Фидбек Бенд“

Музичкиот состав познат по одличните настапи и големиот број приватни прослави, „Фидбек Бенд“ повеќе нема да биде ист, од него си заминува фронтменот и вокал Јане Славов.

По десет години заедничка работа и успех, дојдовме до моментот кога одлучив да направам промена во поглед на кариерата. Промена која носи нова енергија и излегување од комфорот зона, со цел сите да продолжиме да растеме како личности и уметници. Во овие години поминавме многу заеднички моменти, учевме едни од други и создадовме трајни спомени. Без разлика на тоа што музичкиот пат сега се разделува, нашето пријателство и сеќавањата на заедничката работа остануваат како највреден плод на овие десет години, вели Јане Славов за напуштањето на досегашниот бенд.

Пејачот најавува нови авторски песни кои планира да ги објави и промовира во наредниот период:

– Во тек е подготовка на нови авторски песни кои се надевам дека ќе ги слушнете во идниот период. Во следниот период целосно ќе се посветам на музиката, со нови идеи и проекти кои верувам дека ќе донесат свежина и нова енергија во мојот музички свет, додава Славов.

Од досегашниот бенд му посакаа успеси во понатамошната кариера и најавија дека наскоро ќе ја информираат јавноста за промените во бендот.

Додека очекуваме новости, да се потсетиме како звучат заедно на едно место Јане Славов и „Фидбек Бенд“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!