Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #015

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #015


 

#15то продолжение

 

Мануел го напушти ресторанот и се упати кон паркингот каде што го беше паркирал својот автомобил. Одеднаш, пребледе како да видел дух.

–       Мислеше дека ќе се извлечеш без да ми платиш, Ламас?, – го праша човекот со темни очила за сонце на себе.

Мануел добро знаеше кој е.

Мистериозниот патник, со лажен идентитет, ги извади очилата за сонце, развлече широка насмевка на своето лице и влезе во автомобилот на Мануел.

–       Не, не мислев да се извлечам, само ме зачуди што те гледам.

–       Претпоставувам дека е така. Жив сум, Ламас и ми требаат парите кои ми ги должиш, веднаш!

–       Ќе ги имаш, ќе ги имаш, – нервозно рее Мануел вртејки се наоколу. – Само не сакам да не видат заедно. Утре, во седум на старото место. Договорено?

–       Сакам уште десет илјади, плус.

–       Се шегуваш?

–       Нештата излегоа од контрола. Ако тонам јас, ќе ве повлечам со себе. Десет илјади плус, тоа е мојата последна понуда, – додаде Браулио, ги врати назад очилата за сонце и го напушти автомобилот.

Мануел посегна по инхалаторот од џебот.

 

 

Следното утро, кога Луз штотуку станата од спиење влезе во собата на својата сестра, ја затекна Каталина како пребарува по плаКатат.

–       Пепелашка се подготвува за бал?, – праша прозевајки се.

–       Не ми вели дека си заборавила на забавата за во сабота?, – Каталина ја прекори постарата сестра. Веќе со месеци се подготвуваше вереничката забава за 14ти, кога требаше и јавно да биде објавена веридбата меѓу неа и Мануел.

–       Тоа е во сабота? Ај, како лета времето. Прости, Каталина, но не можам.

–       Луз. Луз, не е до мене, но доаѓа тетка Агата. Колку време ја немаме видено.

–       Прости, Каталина, но ти си омилената внука на тетка Агата, не јас. Освен тоа, јас и Мануел не се согласуваме најдобро во последно време.

–       Луз, те молам. Многу би ми значело да бидеш таму. Освен, ако немаш други планови за сабота…

–       Да речеме дека имам, – одговори Луз низ насмевка. – Запознав некој.

–       Не ми вели. Кој? Како се вика? Од каде е?

–       Сеуште не знам многу, но ти ветувам дека вечер ќе ти кажам се во детали.

–       Луз…И јас запознав некој, – рече Каталина. Имаше грижа на совест што сеуште и немаше кажано за пилотот.

 

 

 

 

Мадрид, Шпанија

 

            Себастијан се врати во станот, откако два часа помина трчајки со Бак во паркот. Се чувствуваше должен да го прошета својот пес кој три дена беше затворен во станот. Само што влегоа, Бак потрча кон кујната по свежа вода, а Себастијан ја слече водената маица, кога заѕвоне телефонот.

–       Каде гори, Фредо?

–       Себастијан, те барам со часови.

–       Го трчав Бак. Што е?

–       Те барал и шефот но не си одговорил. Мораме да се преселиме во Мексико Сити ако сакаме да продолжиме да работиме за Игуана.

–       Како тоа?

 

 

Каталина погледна во Луз откако и ја раскажа авантурата со пилотот која ја имаше во џунглата. Се плашеше од презирниот поглед на својата сестра.

–       Мислиш дека сум луда?

–       Не, – одговори Луз. – Не мислам дека си луда. Само мсилам дека не си вљубена во Мануел, како што велиш.

–       Не не не. Ова нема врска со Мануел, Луз. Себастијан не е за мене. Да, згоден е и…Луз, зошто ме гледаш така? Себастијан е женкар. Никогаш не би можел да ми ја даде безбедноста која ја имам со Мануел.

–       И од кога љубовта е поврзана со безбедноста?

–       Секако дека е поврзана. Безбедноста е темелот на една врска…Освен тоа, сигурна сум дека никогаш повеќе нема да го видам Себастијан. Но, од друга страна ме убива оваа вина. Јас сум онаа која секогаш се залага за верност…

–       Штом си имала потреба да бидеш неверна, значи дека ти треба возбуда во животот.

–       Не! Не! Одбивам да те слушам, Луз. Мануел е идеален за мене. Во сабота ни е веридба, а после тоа…

–       Слушај ме, слушај ме, Каталина. Барем еднаш биди малку помалку тврдоглава и отвори ги очите. Никогаш нема да бидеш комплетно среќна со Мануел. Гледај на ова како на втора шанса. Во овој момент можеше да бидеш мртва, но животот ти даде нова шанса. Шанса да бидеш среќна…

–       Не! Животот не е фер! Ова беше само една голема грешка. Јас бев среќна со Мануел, и ќе заборавам на таа авантура во џунглата. За кратко и ќе заборавам дека се случила.

–       Познавајки те добро, не верувам дека ќе заборавиш.

–       Секако дека ќе заборавам. Никогаш повеќе нема да го видам Себастијан. Тој е во Мадрид, јас сум тука. Цел океан е измеѓу двајцата. Кои се шансите да се сретнеме?

 

 

 

 

 

 

Мадрид, Шпанија

 

 

            Себастијан и Фредо се најдоа на пиво во пабот, откако Себастијан го заврши состанокот со шефот.

–       Само што ми беше соопштено дека Игуана ќе лета локално низ Европа. Ми понудија поголема плата и платен стан за преселба во Мексико Сити.

–       Истите опции ми ги понудија и мене, – рече Фредо подигнувајки го шишето со пиво. – Што одлучи?

–       Да беше сето ова пред несреќата, одлучно ќе одбиев. Но, сега…Откако се видов со татко ми кога го видов искрениот жал во неговите очи, откако зборував со Мануел…Мислам дека нема да ми пречи толку да се вратам во Мексико. Можеме да земеме стан во Поланко, да бидеме цимери. Бак ќе живее со нас…

–       Јас не ти го шетам песот. Тоа се моите услови за соживот, – јасно рече Фредо низ насмевка.

Двајцата ги подигнаа шишињата со пиво и наздравија за новиот живот.

 

 

Неколку денови подоцна…

 

 

            Бак шеташе наоколу станот, душкајки го мебелот, саксиите, плочките. Фредо и Себастијан се распакуваа во новиот заеднички стан. Се слушна ѕвонење на телефон. Себастијан знаеше дека е неговиот. Го побара под кутиите и пакетите.

            Лусијано не се откажуваше од ѕвонењето. Знаеше дека неговиот син денес се враќа во Мексико.

–       Ало?, – задишано одговори Себастијан, кога најпосле го пронајде телефонот.

–       Здраво, Себастијан. Како е новиот стан?

Себастијан првобитно не одговори ништо. Не беше навикнат на идејата да муабети со својот татко.

–       Не е лош. Сеуште се истовараме.

–       Сакав да те поканам вечерва во вилата. Организираме забава по повод веридбата на брат ти.

–       Мислам дека не е добра идеја да бидам таму.

–       Зошто?

–       Поради многу причини…Не може ли друг ден да дојдам на честито?

–       Те молам, синко. Многу би ми значело да бидеш тука вечерва.

–       Во ред, – по кратка пазуа одговори Себастијан. – Ќе дојдам.

–       Знаев дека нема да ме одбиеш. Ти благодарам, Себастијан. Ти благодарам.

–       Во ред. Се гледаме вечерва.

 

 

Лусијано задоволен ја спушти телефонската слушалка. Имаше чувство дека коцките полека се враќаат на своето место. Дека се поправаат грешките од минатото.

–       Извини, Лусијано, – на вратата од неговата канцеларија се појави Рафаел. – Мислам дека е време да зборуваме. Доволно се избегнувавме деновиве.

–       Извини, Рафаел, но сега немам време. Можеби вечерва на забавата.

–       Но, Лусијано…

–       Реков ќе се видиме на вечерата, – концизно и јасно потврди Лусијано давајки му до знаење дека разговорот е завршен.

 

 

 

 

Градината во вилата на фамилијата Ламас беше свечено украсена по повод најавуваната веридба на Мануел Ламас и Каталина Уриостеги.

Лусијано Ламас, во свечен Хуго Бос костим ги дочекуваше гостите кои полека пристигнуваа со своите скапи автомобили. Секој кој беше нешто во високото општество беше поканет на веридбата.

Џез оркестарот веќе ја забавуваше публиката која пиеше дом Перињон од високи кристални чаши, послужен на сребрени послужавници.

Емператриз наздравуваше со Рафаел и Мануел, кога од толпата се издвои Лусијано, приоѓајки им.

–       Господа, имам една вест за вас, – им навести со блага насмевка. – Отпуштени сте од мојата компанија. Сите тодјца! Исто така повеќе не сте дел од мојот живот. Не, не ме гледајте така, како да не знаете за што зборувам. Тројцата сте предавници. Не знам кој од вас повеќе презирам во моментов. Дали Мануел, мојот роден син кој ме искористи за да ми закова нож во грб?! Или мојот најдобар пријател и соработник на кој му давав се, – додаде гледајки во Рафаел, – За на крајот да ме изневери спиејки со мојата сопруга?

Откако ладнокрвно им соопшти дека повеќе не се дел од компанијата, Лусијано се извини и пријде до Каталина, која штотуку ја пречека својата сакана тетка Агата.

–       Агата! Каталина! Задоволство ми е што ве гледам.

Откако се поздравија со домаќинот, Каталина и Агата пријдоа до Мануел, Рафаел и Емператриз, кои како попарени со врела вода останаа да стојат во градината по соопштението на Лусијано.

И додека Агата си разменуваше комплименти со Емператриз, Каталина ја зеде раката на својот вереник и го одалечи од толпата.

–       Не ме лажи, Мануел, те познавам и знам дека нешто се случува.

–       Не е ништо, Каталина…ти велам дека се е во ред.

Преку рамото на својата вереница, Мануел го забележа својот брат како приоаѓа кон градината. Ноншалантно, со рацете во џеб, облечен во свечен смокинг.

–       Себастијан!, – изненадено довикна Мануел кога го здогледа. – Не знаев дека си сеуште во градов. Како и да е драго ми е што си дел од оваа забава. Дозволи ми да ти ја претставам мојата вереница. Себастијан мојот брат. Каталина мојата вереница.

Каталина се заврте кон човекот кој до тогаш му го беше завртила грбот. Како мраз да и ги пресече нозете кога го здогледа Себастијан пред себе.

Себастијан исто така видно изненаден. Додека бендот ја свиреше Синатровата I Got you Under my Skin, гледаше во најсјајните ѕвезди на вечерта, очите на Каталина.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!