Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Пере Нокаут: Кај мене дома до сега преспале неколку зетчиња

Пере Нокаут: Кај мене дома до сега преспале неколку зетчиња

Во новото издание на „Нешто конкретно” тема на муабет беше – што значи титулата во денешно време, ако порано се знаело што значи да се биде татко, столб на семејството, ако се знаело дека кога тато одмара не смее да се писне дома, дека тато не чисти по дома и оти како ќе каже тато така мора да биде, дали денеска правилата останале исти или сепак нешто се сменило?

На гости беа млади и некои помлади татковци кои што зборуваа за своите искуства како такви, а тоа се Никола Перевски Пере, Кристијан Станковски Бомбакис, Иван Јованов и Филип Пешевски.

Кога еден татко ќе добие женско дете го викаат уметник, а кога ќе добие машко дете е мајстор, ние ги имаме и двете врсти на татковци. Филип Пешевски за себе ќе каже дека е веле-мајстор затоа што син има, а за еден месец ја чека и ќеркичката.

На Пере му се паднало цел живот да работи за улошки, тој има четири прекрасни девојчиња и зборува дека енергијата што ја добива од сите нив е фантастична. Како најубави моменти од својот живот тој ги опиша моментите на доаѓањето на неговите деца на овој свет.

Бомбакис се уште се нема навикнато дека е татко, тој е тазе во оваа улога и вели дека ќе се навикне на тоа само кога ќе ја слушне ќеркичката да му рече тато. Ќерката ја крстил Бисера по истоимената песна по негова желба, неговата тогашна девојка, сега сопруга, била свесна дека нема отстапување за името.

Иван Јованов е благодарен што неговата желба првото дете да биде женско му се оствари, таа се вика Ниа, а пејачот најави дека ќе оди на три деца.

Гледајте го најновото издание од „Нешто конкретно” со Снеже Велков.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Антониа Гиговска открива кога една жена решава да изневери

Во новата епизода од поткастот ” Равенка за успех ” кај Маја Поцевска на гости …

error: Содржината е заштитена!