Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (76. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (76. продолжение)

 

– Не плачи. Те љубам, Естер. Решив да го прифатам предлогот на твојот сопруг за партнерство од две причини. Да и помогнам на мојата фамилија да излезе од бедата во која живее и за да се збогатам и да можам да ти приуштам се што заслужуваш. Естер, те молам, дојди да живееш со мене. Биди моја жена. Остави го Фаусто и биди моја.
Тоа беа зборовите кои сонуваше да ги слушне. Брак со Енцо, човекот кој го љубеше повеќе од се. Живот со него беше нешто за кое копнееше. Но како? Со три деца зад себе и пропаднат брак? Што ќе рече општеството, што ќе речат нејзините синови?
– Енцо, те молам, не ми го прави ова, – рече на крај

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 76 – „Време на одлука“

 

– Не плачи. Те љубам, Естер. Решив да го прифатам предлогот на твојот сопруг за партнерство од две причини. Да и помогнам на мојата фамилија да излезе од бедата во која живее и за да се збогатам и да можам да ти приуштам се што заслужуваш. Естер, те молам, дојди да живееш со мене. Биди моја жена. Остави го Фаусто и биди моја.
Тоа беа зборовите кои сонуваше да ги слушне. Брак со Енцо, човекот кој го љубеше повеќе од се. Живот со него беше нешто за кое копнееше. Но како? Со три деца зад себе и пропаднат брак? Што ќе рече општеството, што ќе речат нејзините синови?
– Енцо, те молам, не ми го прави ова, – рече на крајот, вртејки му го грбот. Беше премногу слаба и можеше лесно да падне на неговите зборови.
– Зошто не, Естер? Двајцата сме возрасни и се љубиме без гранично?
– Нештата не се така лесни како што изгледаат, Енцо.
– Дали си подготвена да го оставиш твојот сопруг за мене?
– Не, – одговори таа со тешко срце. – Тоа никогаш нема да го сторам.
– Тогаш немаме за што да зборуваме, – додаде тој додека зениците му ги влажнеа солзи. Пријде до вратата и ја отвори за таа да си замине.
– Јас само дојдов за да ја оставиш мојата ќерка. Не дојдов да зборуваме за нас.
– Тебе само те интересира мислењето на општеството. Што би рекло селото кога би се омажила за човек како мене? Еден ден таа твоја ограниченсот ќе те уништи, Естер.
– Не е тоа.
– Секако дека е тоа. Ти никогаш не би се омажила за обичен работник. Те молам, оди си. Оди и не сакам повеќе да те видам, Естер. Оди си!

Марија Грација влезе во кујната на фазендата со намирници кои и ги влечеа рацете за подот, затекнувајки ја својата сестра како ги пребројува парите на масата.
– Од каде ти толку пари?, – ги остави намирниците на работната маса и пријде до Кристина која ги насобра банкнотите и ги смести во градникот.
– Остави ги. Мои се. Ги заслужив работејки.
– Каква работа си завршила за да добиеш толку пари, маледета? Кој ти плажа ако смеам да знам?
– Алисиња за тоа што спијам со Анибал.
– Ороспијо! Колку пати треба да ти повторам дека не треба да се мешаш со синовите на газдите?!
– Не грижи се, Марија, Анибал нема никому да каже.
– Зарем не стравуваш дека можеш да останеш бремена, Кристина?
– Тоа нема да се случи никогаш. Јас не можам да имам деца.

Вечерта, по вечерата фамилијата Кастењон премина во дневната сала на мате и колачиња од цимет. Елиса требаше да отсвири нешто на пијаното, но нечие упорно тропање на портата ја изненади целата фамилија.
– Кој би можел да биде во оваа доба?, – се запраша, откако ја прати слугинката која ги служеше да отвори.
– Можеби е Луис Анжел, пријателот на Рикардо, – претпостави Естер. Со денови го очекуваше пристигнувањето на младиот господин. Се надеваше дека ќе стигне на време за да и ги отргне мислите на Елиса од Енцо.
Но, на сечие големо изненадување во салонот влезе Енцо.
– Енцо, не те очекуваваме во оваа доба, – рече Фаусто, посакувајки му топло добредојде.
– Извини што доаѓам ненајавен, Фаусто, но сакав да те известам за одлуката која ја донесов. Дојдов да ја побарам раката на твојата ќерка Елиса.

Марија Грација остана погодена од вестта дека нејзината сестра не може да роди деца.
– Еднаш пред многу години, додека работев во борделот, останав бремена од еден ништожник во селото. Тетка Кармен ме однесе во Монтес Кларос кај некој доктор за да абортирам. Месеци подоцна не престанав да крварам. Кога го посетив докторот по втор пат ми дијагнозираше дека никогаш повеќе нема да можам да имам деца. Подобро е вака. Се родив сама и ќе умрам сама.
Срцето на Марија се кинеше пред ваквата исповест на нејзината сестра. Тоа беа оние мигови кога се каеше што изминатите години не беа блиски за да ја посоветува или утеши во тешките мигови како тој.
– Зарем не ти е болка што не можеш да имаш деца?
– Не. Да родам дете кое ќе страда како нас? За да може господарот да го малтретира кога ќе посака? Не, благодарам.
– Газдата нема секогаш да биде тука.
– Газдата не, но судбината не се менува.
Во кујната дотрча Моналиса, задишана и бледа.
– Што се случило, миа фиља? Каде гори?
– Ај, мама. Не знаете што се случува во дневната. Мојот вујко, Енцо, дојде и ја побара раката на госпоѓица Елиса.
– Какви бесмислици зборуваш, Моналиса?
– Јас слушнав со моите уши. Вујче Енцо ќе се жени со Елиса.

По дадениот збор, Енцо ја напушти фазендата. Појде до шталата каде што беше зауздан неговиот коњ, кога слушна како некој ај претрчува верандата со тешки, женски чевли. Додека се заврте, ја забележа Естер како без здив му приоѓа од зад грб.
– Енцо, застани! Зошто ја прифати шарадата на Фаусто? И јас и ти знаеме дека не ја љубиш Елиса.
– Луѓето велат дека љубовта доаѓа со времето, Естер.
– Сериозна сум, Енцо.
– И јас сум сериозен, Естер. Добро знаеш зошто го правам ова. Го правам ова за тебе. За да се освестиш пред да биде доцна.
– На многу чуден начин ја покажуваш љубовта која велиш дека ја чуствуваш за мене.
– Да беше похрабра, Естер, немаше да морам да го правам ова.
– Зошто не разбереш дека ни за мене ова не е лесно? Стави се на мое место и стави го своето его на страна. Ти немаш фамилија, деца и репутација која треба да ја сочуваш.
– Знаеш што би сторил и да имав? Ќе го сослушав повикот на моето срце. Ти давам време да размислиш, Естер. Утре на полноќ ќе те чекам во мојата колиба. Ако не се појавиш, ќе знам дека тоа е крај на нашето.
Откако го кажа тоа, Енцо се качи на својот коњ и одјава кон далечините, оставајки ја Естер само, збунета, со болка во градите, распната помеѓу љубовта и одговорноста кон својата фамилија.

Следното утро, Фаусто ги повика Марија Грација и Антенор во својата работна соба. Сакаше да зборува со двајцата.
– Претпоставувам знаеш дека твојот брат наскоро ќе стане дел од оваа фамилија. Сношти и формално ја побара раката на мојата ќерка Елиса.
– Што мислите вие за тоа?, – го праша Марија Грација.
– Немам зошто да ти одговорам на прашањето, Марија. Овде сте бидејки Енцо сака да воведам платен систем на фазендата. Тоа беше едно од неговите барања за да бидеме партнери. Проблемот е тоа што јас не сакам да менувам ништо овде на Темпестад. Но, од друга страна не сакам да му противречам сега кога ќе бидеме партнери. Затоа ќе мораме да се договориме за вашата плата. Антенор, ти и твојата фамилија ќе продолжите да работите за мене како што работевте и до сега. Единствена разлика е тоа што до сега добивавте оброк и кров над главата во замена за работата а сега ќе добивате и пари.
Колку и да му се допаѓаше ваквата промена, Антенор не велеше ништо. Не можеше ни да го подигне погледот бидејки ќе мораше да гледа во човекот кој ја силувал неговата ќерка.
– Слободен си да одиш, Антенор. Тоа беше се што сакав да ви кажам.
Антенор и неговата сопруга направија чекор кон вратата, но Фаусто даде наредба Марија Грација да остане со него во работната соба. Антенор излезе сам, а жената чуствуваше како и се превртува утробата знаејки ја што ја чека.
– Зарем мислеше дека ќе те оставам да си заминеш туку така? Ти сеуште си моја, италијанке. Моја и на никој друг.

Естер имаше цело деноноќие да размисли за предлогот на Енцо. Последен пат кога погледна на часовникот беше петнаесет минути пред полноќ.
Утре на полноќ ќе те чекам во мојата колиба. Ако не се појавиш, ќе знам дека тоа е крај на нашето.
Неговите зборови и удираа во главата како импулс. Го отвори плакарот, ја извади наметката и за миг сењ најде во шталата како отседлува еден од коњите.
Јуреше низ шумата јавајки на еден црн пастув, додека низ гранките на дрвјата продираше месечевата светлина. Јаваше кон саканиот каде што најпосле ќе му го отвори своето срце и ќе му ја каже својата одлука. Да. Сака да биде со него и ништо нема да дозволи да им застане на патот на љубовта.
Одеднаш, на крстопатот кај мелницата наиде на друг коњаник кој и го пресече патот. Пастувот на Естер се исплаши и нагло запре, што придонесе да ја преврти својата господарка на земја. Во следниот миг лежеше без свест на земјата, додека непознатиот коњаник продолжи по својот пат.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!