Почетна / Серии / Документарната серија „Дива година на Земјата“ на МРТ 1

Документарната серија „Дива година на Земјата“ на МРТ 1

Додека Земјата патува околу Сонцето, дивите животни се движат согласно менувањето на годишните времиња. Како што луѓето го следат сопствениот календар на ритуали и случувања, биолошкиот час на животните се усогласува со физиологијата и ги предвидува ритмичките промени во опкружувањето.

Во текот на годината многу големи природни настани се случуваат со прецизност на часовник. Документарната серија „Дива година на Земјата“ ги прикажува најспектакуларните настани поврзани со миграцијата, повторното раѓање и трансформацијата.

Драматичните 4К снимки, направени во Азија, Австралија, Европа, Африка, Северна и Јужна Америка ни нудат спектакли од кои запира здивот. Документарна серија на МРТ 1 – од понеделник до петок во 11.40 часот претпладне.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Норвешката трилер серија за „Клиниката Валкира“ репризно на Телма

Хирургот Равн Ајкангер станува бесен кога неговите претпоставени не му дозволуваат да тестира експериментални медицински …

error: Содржината е заштитена!