Почетна / Сапуници / Од септември, српска Прва ТВ со неколку домашни серии во етер

Од септември, српска Прва ТВ со неколку домашни серии во етер

Од есен, на приватната Прва телевизија во Србија покрај нови реални и талент шоуа, се најавуваат и нови домашни серии што ќе го задржат вниманието на редовната публика.

“Zaklela se zemlja raju” e љубовна приказна за младата Ана која се враќа во Белград носејќи дете, а Манојло заминува за Италија, не знаејќи дека оставил наследник зад себе.

Во свет каде што разликите меѓу богатите и сиромашните се непремостливи, нивната љубов ќе остане тивка и бесмртна, а украдената судбина ќе донесе низа пресврти во животите на новите ликови на Прва.

Покрај оваа драмска серија, на Прва со нови епизоди продолжува и сапуницата “Igra sudbine”, чии први сезони имавме прилика да ги следиме и на Алфа телевизија. Се работи за серија со над 2.000 епизоди која веќе шест години секојдневно се прикажува на Прва.

Покрај овие две секојдневни сапуници, Прва српска ТВ ќе ги емитува и :

– Ceca & Ljuba (spin off на познатата “Попадија”), која на хумористичен и искрен начин, го прикажува секојдневниот живот на еден долг брак, брачните предизвици и разликите меѓу двајца сопружници.

– Marina i Futa (spin off на филмот “Недеља”), чие дејство ќе биде сместено во 80тите години од минатиот век, а ќе ги прати животите на познатата Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Радуловиќ Фута.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 ќе ја репризира и турската серија „Куфер со спомени“

Освен Другата жена и Црно срце, сега уште една турска серија ќе се репризира на …

error: Содржината е заштитена!