Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Реконструкција на српските криминални случаи во „Досие“ на Алфа
Сабота и недела во 20.40 часот на Алфа

Реконструкција на српските криминални случаи во „Досие“ на Алфа

Нови продолженија од документарната српска емисија “Досие” секој викенд на Алфа. Се работи за емисија која дава реконструкција на најголемите српски криминални случаи, а од 2010-та година се снима и прикажува на Прва српска телевизија

Авторот на оваа документарна серија, Машан Лекиќ, отвора полициски досиеа за да ја открие позадината на криминалот. Оваа, српска верзија на „Фокс Крајм“, ги реконструира злосторствата кои ни се случувале или се случуваат пред очите на граѓаните, а сепак се покриени со мистерија.
Убиства, грабежи, киднапирања, трговија со луѓе… ќе се најдат во фокусот на овие криминални приказни. Во дел од приказните ќе се биде филмски реконструирано настанувањето на најголемите белградски мафијашки кланови Земунски и Сурчински, кои ги победиле другите мафијашки кланови и станале посилни и од државата.
Некои од епизодите на овој серијал имаат добиено специјално признание од жирито на европскиот фестивал “Детектив фест”. Нови емисии секоја сабота и недела навечер на Алфа.
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

error: Содржината е заштитена!