Почетна / Серии / Нова воена акција на Телма за шестиот одред специјалци „Фоки“

Нова воена акција на Телма за шестиот одред специјалци „Фоки“

Од понеделник (16 септември), дел од новата програмска шема на Телма телевизија станува американската воена драма “Фоки – шестти одред” која ќе се емитува секој работен ден во 22.15 часот.

Напишана е по сценариото на ветеранот од Виетнамската војна, Вилијам Бројлс („Опадник“, „Аполо 13“, „Џархед“) и на неговиот син Дејвид Бројлс, кој е ветеран-специјалец.

„Фоки – шестти одред“ (Navy SEAL) нѝ го прикажува тимот 6 на Морнарските фоки чија мисија во 2014-тата година да елиминираат еден талибански водач во Авганистан тргнува во лоша насока кога откриваат дека еден американски државјанин соработува со терористите како џихадистички борец.

Оваа драма, инспирирана од вистинските мисии, нѝ доловува со што се занимаваат специјалците, како и тоа какви се нивните комплексни лични животи и сериозните одлуки што ги носат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преглед на сите серии, термини на емитување и епизоди на Fox Life

Од сега ќе имате ексклузивна можност да следите и објава за сите серии кои ги …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!