Почетна / Серии / Фантастичната авантура „Библиотекарите“ во 23:30 часот на Сител
The Librarians.Portland, Oregon

Фантастичната авантура „Библиотекарите“ во 23:30 часот на Сител

Од понеделник до петок во 23.30 часот, веднаш по последните вести, Сител телевизија ќе ја емитува американската серија “Библиотекарите”. Серијата започнува со емитување од петок (12 јуни 2020).

“Библиотекарите” е серијал снимен од продукциската куќа TNT, а базиран на успешната филмска трилогија “The Librarian”. Како и филмовите, така и серијата ги прати авантурите на неколку членови на една древна организација чија задача е да ги пронајдат и чуваат моќните и таинствени артефакти.

Силата на злото станува толку голема што ќе го натера Флин присилно да ангажира четворица нови Библиотекари. Во борбата против Змијското братство, нему му се придружуваат тајната агентка Ева, генијалецот Џејкоб, таинствената Касандра и експертот за технологија, Езекиел. Артефактите мора да се спасат од сите злобни суштества и натприродни сили кои сакаат да завладеат во светот така што ќе направат тотален хаос.

Во главните улоги настапуваат Rebecca Romijn, Christian Kane, Lindy Booth, John Harlan Kim и John Larroquette, а досега серијата е емитувана на Universal каналите низ целиот свет. Пред две години беше премиерно прикажана и на Канал 5, а сега и на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Застани и запали се“, серија на Телма за компјутерската револуција

„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер …

error: Содржината е заштитена!