Почетна / Забава / Нов летен сингл на MVRTK во соработка со Last Bar и вокалистот Rian Cult

Нов летен сингл на MVRTK во соработка со Last Bar и вокалистот Rian Cult

Конечно можеме да го слушнеме најновото издание на MVRTK во соработка со америчкиот продуцент Last Bar и вокалистот Rian Cult со насловот What You Need. Песната е издадена со литванската музичка издавачка куќа Day Dose of House.

Топ трака за ова лето, со одлични басови и вокали кои се совршени за полноќни патештествија и забави, со песна која нема да можете да ја заборавите.

За потсетување, последното издание на MVRTK со наслов Feels Good, беше во соработка со продуцентот Skyshot и вокали на Durik и за кратко стана дел од голем број топ листи на iTunes. Песната исто така беше поддржана од познатото диџејско дуо Dimitri Vegas & Like Mike кои постојано се рангирани како едни од најдобрите диџеи на светот според DJMag, најпознатиот магазин за електронска музика.

Претходно, MVRTK беше победник на ремикс компетицијата на песната Paradise од Luis Torres, издадена на музичката издавачка куќа Musical Freedom, од глобалната ѕвезда Tiesto.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поточиња, Каролина и Тамара на Карпошово културно лето

На платото кај „Млечен” и на плоштадот „Делфина” од 26 до 28 август ќе се …

error: Содржината е заштитена!