Почетна / Сапуници / Нема да ви се верува колку години има Азра од истоимената серија

Нема да ви се верува колку години има Азра од истоимената серија

Главната актерка на турската хит драма “Азра”, Алина Боз, верувале или не… има само 21 година.

Таа е Русинка по потекло, родена во Москва во 1998 година, каде што живее сѐ додека не наполни седум години, откога се сели во Истанбул каде го започнува патот на актерството.

Но, пред да започне да глуми, таа била вклучена и во многу реклами како модел, а се појавила и на насловната страница на магазинот „Хејгер“.

И ден денес е дел од многу реклами, а е заштитно лице на брендот за нега и боја на коса „Пантен“.

Оваа млада актерка била во врска со познатиот филмски актер Бурак Кан, а во моментов е сингл.

За македонската публика е позната и од претходно, по улогата на една од ќерките во “Парампарче”.

Секоја вечер во 19.45 часот, Алина ја гледаме во улогата на Азра во истоимената теленовела на Сител, нејзиниот најнов телевизиски проект.

Азра е несреќна девојка, која благодарение на хуманоста и пожртвуваноста ќе го освои срцето на главниот лик Џенк…

… а нејзината судбина продолжува како дел од фамилијата на Џенк, каде младата девојка се вработува.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!