Почетна / Филм / „Anabelle“, „Attrition“, „Fist fight“, „Live by night“ за крај на мај на МРТ 1

„Anabelle“, „Attrition“, „Fist fight“, „Live by night“ за крај на мај на МРТ 1

Понеделник навечер е ден за театарска претстава на МТВ, а другите денови по 23 часот се емитуваат играни филмови. Кои филмови следат следнава седмица, погледнете во продолжение :

вторник (26 мај 2020) – Executive decision (2017)

Aмериканска акција со Хали Бери, Стивен Сигал и Карт Расел во главните улоги. Терористите ја преземаат контролата над летот „Боинг 747“ бидејќи бараат ослободување на нивниот затворен лидер Ел Сајед. Сепак, експертот за разузнавање, д-р Дејвид Грант се сомнева дека терористите навистина сакаат да ја нападнат американската почва со авион во кој има гасна бомба и ја убедува војската дека на авионот не смее да му се дозволи да влегува во американскиот воздушен простор по секоја цена.

Без командант, без комуникациска врска и со само половина од опремата, тимот мора да најде начин да ја пронајде и деактивира бомбата и да ги ослободи патниците.

Во исто време, Пентагон се сомнева во тоа дали командорите успеале да се качат во авионот, а нивната единствена опција останува да го срушат авионот пред да влезат во американскиот воздушен простор.

среда (27 мај 2020) – Fist fight (2017)

Последен ден од школската година. Владее хаос, а во целата лудница, еден професор, несвесно ќе предизвика разрешување на свој колега.

Затоа сега, бидете подготвени за најголемата борба по часовите. Ајс Кјуб и Чарли Деј во комедијата “Професорка пресметка”.

четврток (28 мај 2020) – Attrition (2018)

Стивен Сигал во уште една невозможна мисија. Иако е решен да се тргне од своето минато, сепак патувањето во Тајланд ќе го примора да размисли уште еднаш за својата одлука.

Под умствениот притисок, тој се одлучува за уште една последна битка со што ќе ни ја прикаже ерозијата на традиционалните вредности и корупцијата на азиските воени вештини.

петок (29 мај 2020) – Live by night (2016)

Оскаровецот Бен Афлек е режисер и има главна улога во драматичниот крими-трилер „Закон на ноќта”. Афлек, исто така, го напишал сценариото засновано на наградената книга од Денис Лехејн. Оваа гангстерска драма се одвива во бучните 1920-ти, кога прохибицијата не можела да го запре протокот на алкохол во подземната мрежа на гангстерските кафулиња.

Но, дури и меѓу криминалците, постојат правила, а инспекторот Џо прекршува големо правило: му работи зад грб на моќен гангстер и му ги краде неговите пари и неговата љубовница.

Вжештената афера завршува со трагедија, праќајќи го Џо на патот на одмаздата, амбицијата, романсата и предавството, што го трга од Бостон и го качува по скалилата на подземното пренесување рум во Тампа.

сабота (20 мај 2020) – Annabelle: Creation (2017)

По 12 години од трагичната смрт на нивното мало девојче, изработувачот на кукли и жена му примаат чесна сестра и неколку девојчиња од дом за сираци во својот дом, каде што наскоро стануваат мета на опседнатата креација на кукларот, Анабела. Хорор мистерија од 2017-та година за најстрашната женска кукла во светот.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!