Почетна / Серии / На сред сезона, Телма почна со репризи на емитувани српски серии

На сред сезона, Телма почна со репризи на емитувани српски серии

Продолжението на серијата “Клан” носи возбудливи приказни кои го следат понатамошниот подем на мафијашкиот клан на чело со Шок и Паша. Втората сезона имавме прилика да ја проследиме во октомври оваа година, а сега повторно на Телма во истиот термин кога беше и премиерно емитувана, 22.15 часот.

Во втората сезона, тие напредуваат во криминалната хиерархија и воспоставуваат нов бизнис модел – киднапирање на богати луѓе, што претставува нов извор на приход за кланот, но и за нивните претпоставени од редовите на командосите од државнатата безбедност, како и за Бубон.

Мотивирани од пари и престиж, Шок и Паша постепено го усовршуваат својот нов деловен модел, со помош на нивните соучесници од полицијата, здравството, политиката, намерните и случајни соработници и членовите на нивните семејства.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

error: Содржината е заштитена!