Почетна / Забава / На Скопје Гори 2020, Авалон го носи светскиот рок бенд „Placebo“

На Скопје Гори 2020, Авалон го носи светскиот рок бенд „Placebo“

Ретки се бендовите кои успеале да станат големи, а истовремено да останат авангардни, бескомпромисни и суперквалитетни во тој процес. А PLACEBO се дефиниција за тоа!

Затоа, со огромно задоволство, Авалон продукција ги најавува PLACEBO на возобновениот рок настан СКОПЈЕ ГОРИ ФЕСТИВАЛ 20.20, со ексклузивно шоу во регионот! Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Дека е задоволството големо што Скопје и Македонија ги имаат PLACEBO, не треба ни да се спомене, само треба да се види листата на големи фестивали каде ќе настапат ова лето: Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн…

Со повеќе од 12 милиони албуми продадени во светот досега, Placebo е основан во 1994 година. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Brian Molko, Placebo добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот David Bowie.

Placebo досега имаат објавено вкупно девет албуми, од кои седум се студиски и два во живо. Не треба да се заборави дека покрај носачите на звук, Placebo имаа серија од исклучително успешни синглови и видео спотови со впечатлив стајлинг, со што дефинитивно се профилираа како современ арт-рок состав и тоа на најдобар можен начин.

Влезниците за веројатно најголемиот рок концерт ова лето во Македонија ќе бидат пуштени во продажба во петок во 09 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1.500 денари

ФАН ПИТ – 1.990 денари (само  1000 влезници во продажба)

Продажба на влезници ќе врши и тикет сервисот Евентим -Бугарија, со оглед на тоа дека PLACEBO нема да настапуваат во соседна Бугарија. АРМ стадионот ќе биде адаптиран на капацитет од 6000 посетители, а специјалните гости на PLACEBO ќе бидат дополнително објавени.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!