Почетна / Серии / Акционата крими серија „Транспортер“ со Крис Венс сега и на Fox Crime

Акционата крими серија „Транспортер“ со Крис Венс сега и на Fox Crime

По Сител и Канал 5, сега познатата акциона серија “Транспортер” и на Фокс Крајм, од понеделник до петок во 23.55 часот, со репризни изданија наредниот ден во 11 часот наутро и 19 часот попладне. Серијата е адаптација на француската трилогија на филмови за транспортерот кој беше толкуван од Jason Statham. Се работи за ко-продукција на HBO, HBO Canada, М6 и германскиот телевизиски канал RTL, а Лук Бесон ќе биде еден од извршните продуценти.

Во серијата “Транспортер” главната улога ја толкува Крис Венс, а покрај Венс, во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и актерите Андреа Осварт, Франсоа Береланд и Марко Борини. Серијата се снимаше на локации низ Торонто, Париз, Берлин и Ница, со буџет од 43 милиони долари.

Серијата зборува за Френк Мартин, бивш специјалец кој заработува за живот така што испорачува разно разни тајни пратки, без да открива детали за нив. Ако сака некој нешто да превезе, тогаш го повикуваат Френк. Тој носи буквално се’, било каде и не поставува никакви прашања.

Работејќи како припадник на одделот на специјалци, уште во минатото тој се стекнал со низа вештини и тактики на брзо возење, борба и начин на преживување. Користејќи ги своите квалитети, тој не дозволува пратката да задоцни или да стигне на погрешна адреса. Затоа научил дека не треба да прашува за имиња или пак да ги отвора пратките.

Но, затоа што се работи за тајни и опасни пратки, многупати ќе се наоѓа во опасни и незгодни ситуации од кои ќе мора да се извлече. Приказната е навидум прилично едноставна, иако секогаш завршува многу, многу комплицирано!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

error: Содржината е заштитена!