Почетна / Телевизија / МТЕЛ ја нуди MOVE TV: Врвна платформа со разни содржини и опции

МТЕЛ ја нуди MOVE TV: Врвна платформа со разни содржини и опции

Групацијата Телеком Србија, преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, токму од Македонија го започна лансирањето на својата најнова стриминг-платформа, MOVE TV.

Оваа најсовремена OTТ платформа за телевизија, радио и видео on demand, која функционира со помош на MOVE Аndroid Box и како самостојна мобилна апликација, ја претставува постојаната посветеност на МТЕЛ за подобрување на корисничкото искуство преку обезбедување висококвалитетни содржини и напредни дигитални функции.

На своите корисници, MOVE TV им нуди пристап до широк спектар опции за забава, вклучувајќи: повеќе од 200 телевизиски канали, од омилените регионални канали до меѓународни гиганти како Superstar, Arena Sport, HBO, CNN и Disney Channel.Важно е да се напомене дека листата на домашни, регионални и интернационални канали постојано ќе расте. Пример за тоа е дополнувањето од групата DigitAlb со каналите Top Channel и Klan Alb, со најава за нејзино натамошно проширувањесо сите преостанати канали од понудата на DigitAlb групата. Со помош на напредните дигитални функции како премотување и паузирање на програмата во живо, MOVE TV гарантира дека корисниците никогаш нема да ги пропуштат своите омилени програми.

„Ни причинува огромно задоволство што можеме да го претставиме MOVE TV, револуционерна стриминг-платформа која го редефинира начинот на кој корисниците ја доживуваат забавата. Со MOVE TV, ние не само што нудиме широка палета на содржини, туку им даваме и моќ на корисниците да ги следат содржините преку иновативни функции и опции за пристапност. Без разлика дали се работи за најновиот блокбастер, спортски настан или омилено радио-шоу, MOVE TV гарантира дека нашите корисници ќе може да уживаат во забавата и содржините што ги сакаат во кое било време, каде и да се“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

MOVE TV вклучува:

TВ во живо: Повеќе од 200 телевизиски канали, од омилените регионални канали до меѓународни гиганти како Superstar, Arena Sport, HBO, CNN и Disney Channel.

Видеотека: Со колекција од повеќе од 10.000 филмови и серии, вклучувајќи ексклузивни наслови од продукцијата на Телеком Србија и други познати светски продукции како HBO; BBC и АXN, MOVE TV обезбедува широк избор на легендарни и актуелни филмови и серии.

Премиум радиостаници: Корисниците можат да се приклучат на најдобрите домашни и регионални радиостаници, како што се Radio S1, Naxi Radio, TDI Radio и многу други, нудејќи разновидна музика и привлечна содржина.

Покрај оваа разновидност од содржини, MOVE TV може да се пофали со напредни функции дизајнирани да го подобрат корисничкото искуство, вклучувајќи:

Пауза и премотување во реално време: Корисниците можат да паузираат и премотуваат ТВ-содржини во реално време, овозможувајќи им да ги следат нивните омилени емисии, серии, филмови или спортски натпревари до 7 дена наназад.

Опција за користење на повеќе уреди: MOVE TV може да се користи на телевизиски уреди (или со MOVE Android Box или паметен ТВ), телефони и таблети. Со MOVE Android Box, секој ТВ уред се трансформира во паметен телевизор, обезбедувајќи беспрекорна интеграција.

Флексибилност на локацијата: Како динамична и практична платформа за стриминг, MOVE TV може лесно да се пренесува и користи на која било локација во Македонија, обезбедувајќи непречена забава за корисниците во движење.

MOVE TV сега е достапен за претплата, со понуда на повеќе пакети за да ги задоволи различните вкусови и потреби на корисниците. За повеќе информации,посетете ја веб-страницата mtel.mk или информирајте се на бројот 15 010.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тотал ТВ во програмскиот пакет не ги обезбедила МРТ 2, МРТ 4 и МРТ 5

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата на 21-та седница одржана на 10 …

error: Содржината е заштитена!