Почетна / Спорт / МРТ 3 ќе го прикаже ретро финалето на Вардар – Пелистер од 1993 година

МРТ 3 ќе го прикаже ретро финалето на Вардар – Пелистер од 1993 година

Уживање за спортските носталгичари. Во сабота (23 мај 2020), третиот спортско-забавен канал на Македонската телевизија ќе емитува извонреден финален натпревар меѓу фудбалските клубови Вардар и Пелистер, одржан далечната 1993 година. Финалето во Купот на Македонија е најава на Македонската телевизија за многу следни ретро натпревари, кои ќе имаат можност да ги проследат гледачите на МРТ 3.

сабота, 23 мај, 16.00 часот :  ВАРДАР-ПЕЛИСТЕР – (Куп на Македонија финале 1993)

Репризните емитувања се на полноќ ноќта сабота кон недела, во 8 и во 16 часот во недела на 24 мај, и во понеделник на 25 мај во 8 часот наутро.

Невидена атмосфера на Градски во Скопје. Рекордни 20 000 посетители. По осамостојувањето на Македонија, ова беше најголем настан во тоа време и настан кој до ден денес се памети.

По завршувањето на мечот, тогашниот претседател на републиката, Киро Глигоров, му го врачи победничкиот пехар на вардаровиот капитен, Љупчо Марковски – Калц.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КК МЗТ Скопје Аеродром се засилува со нова поддршка пред новата сезона

КК МЗТ Скопје Аеродром добива нова поддршка во пресрет на предизвиците на домашната, регионалната и …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!