Почетна / Серии / „Melrose Place 2.0“ од оваа недела на Happy TV

„Melrose Place 2.0“ од оваа недела на Happy TV

Melrose Place е американска телевизиска серија премиерно прикажана на телевизиската мрежа The CW од 9. септември 2008. година до 13. април 2010. година. Продуценти на серијата се Тод Славкин и Дарен Свимер (истите продуценти на Smallville). Серијата е спин-оф на истоимената популарна серија од 90-тите.

 

Број на сезони: 1
Број на епизоди: 18

Серијата претставува 5-та по ред од франшизата Beverly Hills 90210 и е своевидно продолжение на оригиналната драма Melrose Place од 1990 година. Во серијата се зборува за неколку млади кои живеат во апартмански комплекс во Лос Анџелес, а дејствијата започнуваат со мистериозно убиство на нивната газдарица. Таа ќе биде пронајдена мртва во базенот што се наоѓа среде комплексот и за нејзиното убиство има многу осомничени.

Поради слаби рејтинзи оваа серија беше официјално укината на 20. мај 2010.година. Од оваа недела можете да ја следите секој работен ден во 22.50 часот на кабловската телевизија Happy TV.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …