Почетна / Забава / Martin Garrix го најави настапот на Skopje Calling на својата веб страница!

Martin Garrix го најави настапот на Skopje Calling на својата веб страница!

 

Настапот на MARTIN GARRIX во Скопје, на претстојниот спектакл SKOPJE CALLING 2017 е веќе најавен на неговата официјална веб страница http://www.martingarrix.com/.

Ова ќе биде прв настап на MARTIN GARRIX во Скопје и прв во регионот откако е прогласен за World no.1 DJ. 
 
 
 

Иако има само 20 години, MARTIN GARRIX во моментов не само што е No.1 World DJ и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella. Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

За неговата огромна популарност говори и фактот што интересот за неговиот настап во Скопје е исклучително голем не само во Македонија, туку и во земјите од Југоисточна Европа. 

Билетите за настапот на MARTIN GARRIX во Скопје, од денес се веќе во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се во Македонија, како и преку глобалната мрежа Евентим во регионот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската Телевизија од вечерва ја враќа „Бушава азбука“ на програмата

Режисерот на култната програма за деца „Бушава азбука“, Слободан Унковски, направи гест кој многу генерации …

error: Содржината е заштитена!