Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (68. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (68. продолжение)

 
По завршените дневни обрски на фазендата, Марија Грација се врати назад во бараката. Беше мрачно и само една свеќа догоруваше на масата. Погледна околу себе. На креветот на кој спиеше Крситина, алиштата беа расфрлани во неред. Зеде една корпа и почна да ги собира работите за перење кога слушна тивок плач од собата на својата ќерка. Не ни знаеше дека има некој дома. Ја отвори вратата и ја пушти корпата на подот кога ја виде својата ќерка како грчевито плаче стуткана на подот под прозорецот.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 68 – „Се колнам дека ќе те одмаздам“

 
По завршените дневни обрски на фазендата, Марија Грација се врати назад во бараката. Беше мрачно и само една свеќа догоруваше на масата. Погледна околу себе. На креветот на кој спиеше Крситина, алиштата беа расфрлани во неред. Зеде една корпа и почна да ги собира работите за перење кога слушна тивок плач од собата на својата ќерка. Не ни знаеше дека има некој дома. Ја отвори вратата и ја пушти корпата на подот кога ја виде својата ќерка како грчевито плаче стуткана на подот под прозорецот.
– Што ти е, љубов моја?
– Не можам повеќе…Мамичке не можам повеќе со ова.
– Еден ден сето ова ќе остане како лош сон. Само бледо сеќавање.
– Дали ти заборави на првиот пат кога Господарот те силуваше?
– Од ден во ден се обидувам помалку да мислам на тоа, – одговори Марија Грација, длабоко издишувајки се. – Фиља миа. Ангел мој. Сигурна сум дека Мадона ќе ти прати добар и убав маж со кој ќе бидеш неизмерно среќна.
– Кој би сакал девојка како мене? Бележана?
– Не говори така, Моналиса. Ти имаш благородна душа.
– И за што ми служи мојата душа кога телото ми е обележано завек? Мама…Сторив нешто страшно. Тој човек, кој сега е во затвор…Не ме ни допре. Не ми стори ништо.
– Како?
– Не беше тој…Несреќникот кој ме силуваше е…Дон Фаусто, – во еден здив одговори девојката.

Вечерата на фазендата течеше мирно како и обичаено. Послугата ги послужи со предјадење, па со главно јадење и црвено вино.
– Денес слушнав дека фамилијата Силва си одат од селото. Изгледа купиле некое парче земја на југ, – Лукреција ги извести домашните за време на десертот.
– Фамилијата Силва кои ја држеа продавницата во Назаре?, – праша Естер. – И што ќе биде со продавницата сега?
– Задолжиле некого да биде тука додека не се распордаде целата роба.
– Жално. За прв пат по дваесет години, Назаре ќе остане без продавница, – додаде Естер.
– Не е крај на светот, Естер, – рече Фаусто. – Ние и онака никогаш не купувавме од селото.
– Да, но има луѓе на кои не им носат неделна достава од градот, Фаусто. Каде ли ќе купуваат намирници тие луѓе сега?

Крвави солзи лееше Моналиса во прегратката на својата мајка. Чуството на вина ја јадеше многу повеќе од помсилата дека е обесчестена.
– Смири се, мила моја…
– Не разбираш мајко. Не е тоа што ми го стори дон Фаусто…Невин човек пратив во затвор. Човекот е во затвор по моја вина, бидејки јас излажав.
– Тоа може лесно да се среди. Ах, Моналиса, фиља миа…Татко ти не смее да дознае за ова.
– Ќе горам во пеколот…
– Мораш да бидеш силна, ќерко.
– Мамо, ајде да си одиме одовде, да си одиме од оваа куќа засекогаш, далеку од ова пеколно село…
– Не можеме. Газдата никогаш нема да ни дозволи да заминеме. Но ти ветувам ќерко…Ти ветувам дека тој мизерен стаорец ќе плати. Јас ќе те одмаздам, Моналиса. Се колнам дека ќе те одмаздам.

Марија Грација не беше единствената која бараше начин да ја одмазди Моналиса. Долго време Кристина бараше соодветен начин да стави крај на Фаусто Кастењеон а да не биде отркиена дека е по нејзина вина. Кога падна ноќта, влезе во собата на господарот и од една вреќа испушти змија отровница по постелата на Фаусто.
– Дај му го на газдата она што го заслужува, змијо. Касни го и затруј му ја крвта со отров. Само така ќе плати за она што и го стори на Моналиса.

Беше скоро па полноќ. Антенор длабоко рчеше на едната половина од креветот, додека од дугата страна Марија Грација се бореше со несоницата. Денот беше премногу тежок и долг за да може да заспие. Очигледно не беше будна само таа на фазендата. Слушна тропање на вратата и се прашуваше кој би можел да биде во таа доба. Ја зеде наметката стана од креветот и појде да отвори. Во меѓувреме, тропањето ја беше разбудило и Кристина.
– Јас сум, Марија Грација, отвори, – допре гласот на младата Елиса од другата страна на вратата.
– Што се случило, госпоѓице?
– Марија Грација, ти си единствената која може да помогне…Тaтко го каснало змија. Те молам дојди пред да биде предоцна.
Сестрите италијанки се погледнаа меѓу себе.

Елиса ги држеше рамениците на својот татко кој немирно преташе од силната болка, додека Естер и Кристина му ја држеа ногата, а Марија Грација го истсикуваше отровот од местото каде што го беше каснала змијата. Антониета стоеше на страна и се молеше за животот на својот Господар.
– Што прават толку луѓе во просторијава, Естер?,- дури и во таков момент, Фаусто беше дрзок и непредвидлив.
Естер се заврте кон Антониета која беше одвишок и и нареди да ја напушти собата.
– Дали сте сигурна дека не можам да помогнам, госпоѓо?
– Зарем не слушна што ти нареди мојата мајка, Антониета?!, – дрско праша Елиса. –Надвор!
– Како по ѓаволите се најде таа змија овде?!, – се прашуваше Фаусто додека ја прегризуваше долната уста од болка.

Четририесет дневната потрага по злато стануваше исцрпувачка и за Енцо и за неговите вработени. Четириесет минати дни под врелото сонце во надеж дека ќе биде најдено злато. Имаше денови кога надежта прва умираше, но и денови кога истата умираше последна. Тоа утро, додека потрагата траеше, неколку работници најдоа грутка злато на самиот брег од реката.
– Дон Енцо!, – извика едниот од нив, приоѓајки до Енцо кој се подготвуваше кај логорот.
– Што е, Акилес?
– Најдовме злато, газда!
Енцо потрча кон момците плашејки се дека нема да се разбуди во секој миг и дека ова не е само сон. Сон кој често го сонуваше во последно време. Беше скептичен се додека не го зеде златото во свои раце, додека не ја почуствува тежината на своја кожа, додека не доби отсјај на сонцето.
– Ова е злато, момци! Најпосле злато! Знаете ли што значи ова? Пари! Богатство! Слобода!
Работниците ги извадија своите шапки од главите и почнаа да скокаат како никогаш во животот. Радоста беше неизбежна кај секој од нив. Особено кај Енцо.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …