Почетна / Филм / Лејди Гага ќе глуми во продолжението на популарниот „Џокер“

Лејди Гага ќе глуми во продолжението на популарниот „Џокер“

Поп-ѕвездата и актерка Лејди Гага се огласи на Твитер во четвртокот за да потврди дека е дел од актерскиот тим на претстојното продолжение на психолошкиот трилер „Џокер“, а воедно сподели и музички тизер.

Музичкиот клип прикажува силуети кои танцуваат заедно на звуците на песната ‘Cheek to Cheek’, која ја напиша Ирвинг Берлин во 1935 година за филмот ‘Top Hat’ на Фред Астер и Џинџер Роџерс. ‘Joker: Folie a Deux’, во кој Хоакин Феникс ќе ја репризира улогата на насловниот лик, ќе излезе во кината на 4 октомври 2024 година.

Феникс првпат го портретираше големиот непријател на Бетмен во филмот „Џокер“ од 2019 година, улога што му донесе „Оскар“ за најдобар актер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Отпор”, биографска воена драма во саботната вечер на Телма

сабота, 1 јуни 2024 година, Телма телевизија, 22.15 часот – Отпор Сè што Марсел Марсо …

error: Содржината е заштитена!