Почетна / Филм / Лејди Гага и Бредли Купер во „Ѕвездата е родена“, премиерно на МРТ 1

Лејди Гага и Бредли Купер во „Ѕвездата е родена“, премиерно на МРТ 1

Музичар ѝ помага на млада пејачка да пронајде слава, додека неговата кариера полека се распаѓа од годините и алкохолизмот


Филмот е нова верзија на култната љубовна приказна од 1937 година и претставува авторско деби на Бредли Купер. „Ѕвездата е родена“ е приказна за трагичната љубов меѓу искусниот музичар на залезот од својата кариера и младата пејачка која е во подем, во музичките води. Џексон Мејн (Бредли Купер) е искусен музичар кој ја открива Али (Лејди Гага), младата музичка надеж.

Тие двајца се заљубуваат и Али е подготвена да се откаже од својот сон да стане позната пејачка.. сѐ додека Џек не ја наговори да застане пред рефлекторите. Иако нејзината кариера тргнува по нагорна линија, нивната врска се распаѓа, а Џек продолжува да војува со своите внатрешни демони.
Тоа што најмногу воодушевува кај овој филм е неверојатниот перформанс на Лејди Гага. На моменти ќе ви делува како таа да е родена за оваа улога и како цел живот да се подготвувала само за овој филм.

Бредли Купер исто така одлично се снаоѓа во неговата задача и ни претставува лик што едноставно не можете да не го засакате. Заедно, тие имаат магична хемија, правејќи го целиот филм многу повеќе од само уште една холивудска приказна за љубовта и музиката на големото платно.

Филмска премиера на првиот канал на МРТ оваа сабота (30 јануари 2021) во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зад стоговите сено“ – филм за грчко-македонската културна соработка

Изнаоѓање на една заедничка нишка и зближување на народи кои живеат на различни територии, како …

error: Содржината е заштитена!