Почетна / Телевизија / „Круг на знаење“ наскоро на МРТ1, пријавете се!

„Круг на знаење“ наскоро на МРТ1, пријавете се!

 

На Првиот канал на МРТ наскоро ќе почне да се емитува новиот проект на Томато продукција, квизот „Круг на знаење“. Во Македонскиот медиумски етер веќе години наназад не постои квиз на знаење, во кој вистинските квизомани ќе можат да ги одмерат своите сили и да го покажат своето знаење пред Македонскиот аудиториум, па оттаму се наметна и потребата да се создаде квизот „Круг на знаење“.

 

 

Пријавувањето за квизот „Круг на знаење“ е започнато одамна, а право да се пријави има секој, без старосни ограничувања. Линијата за пријавување е отворена, а телефонсиот број е 02/3094-993 кој се тарифира по редовниот ценовник на Македонски Телеком за фиксни линии. Можете да се пријавите и на е-маил на кој треба да го испратите Вашето име и презиме, телефонскиот број и местото на живеење и веќе сте влезени во кругот. Пријавете се веднаш и очекувајте го „Круг на знаење“ наскоро на ПРВА. Водител на квизот ќе биде Дамјан Дренковски.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …