Почетна / Серии / Крими серијата за мексиканските „Наркоси“ репризно на Телма

Крими серијата за мексиканските „Наркоси“ репризно на Телма

“Наркос Мексико” репризно на Телма, од понеделник до петок во 23 часот.

Michael Peña, Diego Luna, Tenoch Huerta Mejía, Alyssa Diaz, Joaquín Cosío, José María Yazpik, Matt Letscher, Ernesto Alterio​ во оваа одлична криминална драма.

Во мексиканските наркоси, се запознаваме со Мигел Анхел, бивш мексикански полицаец кој решава да формира бизнис империја во Мексико, благодарение на шверцот со марихуана.

Затоа што мексиканската војска ги уништува илегалните полиња во Силаоа, Мигел Анхел му предлага на главниот нарко бос во Силаоа да го преместат бизнисот во Гвадалахара. Така започнува неговата авантура на патот кон формирање на моќниот мексикански картел Гвадалахара.

Но, од другата страна, картелот ќе се соочи со американската институционална и полициска формација, која мора да го сопре нелегалниот шверц меѓу границите. Затоа, во Гвадалахара е пратен младиот ДЕА агент, Кики Карамена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

error: Содржината е заштитена!