Почетна / Забава / Концертот на Deep Purple се преместува во Арена „Борис Трајковски“

Концертот на Deep Purple се преместува во Арена „Борис Трајковски“

Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на DEEP PURPLE, Авалон одлучи за сигурна варијанта – префрлување на концертот во арена “Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај.

Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:

ФАН ПИТ:
Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.

ПАРТЕР:
Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.

ВИП:
Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)

Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно. Сега на новата локација, и тоа е возможно.

Имено, во продажба според капацитетот на арената “Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот.
Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!