Почетна / МК Сцена / Концерт во Филхармонија во слава на големиот Зафир Хаџиманов

Концерт во Филхармонија во слава на големиот Зафир Хаџиманов

Со голема гордост и задоволство се најавува последниот настан од проектот ,,Месец на 30 години Авалон Продукција” – концерт во чест на големиот Зафир Хаџиманов!

Да бидеме реални, Република Македонија нема многу легенди како Зафир Хаџиманов, признати регионално и пошироко. Зафир нѐ напушти некако тивко, во едно лошо време, во време на короната и до ден денес тоа воопшто и на ниту еден начин не се одбележа во неговата матична земја, Македонија.

Токму тоа ги натера Авалон, во склоп на програмата ,,30 години Авалон Продукција” да му го предложат овој проект на неговиот син, успешниот и квалитетен музичар Васил Хаџиманов, кој тој со задоволство го прифати.

Па така, на 17ти декември во Македонска филхармомија ќе се слави животот и делото на Зафир Хаџиманов со многубројни гости музичари и уметници како Васил Хаџиманов бенд, Бисера Велетанлиќ, Калиопи, Коле Ангеловски, Никола Ристановски, Сашо Гигов – Гиш,  Марта Хаџиманов и Виктор Тумбас.

Влезниците се пуштени во продажба онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени:
1.500 денари и
2.000 денари – ВИП.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Funk Shui со нов видео спот за песната „Никогаш пак”

Funk Shui со константната работа на својот израз, ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти …

error: Содржината е заштитена!