Почетна / Забава / Концерт на легендарните „Црвена јабука” на 11 мај во Битола

Концерт на легендарните „Црвена јабука” на 11 мај во Битола

Кога некој трае со децении и на некој начин стои како потсетник на се што е убаво и квалитетно, заслужува да биде ставен на златен пиедестал. Така е и со легендарните „Црвена јабука”.

Бендот кој опстојува повеќе од четири децении, на 11 мај ќе одржи свој концерт во Битола и тоа во „Центар за култура” со почеток од 20 часот. Фронтменот Дражен Жериќ – Жера често знае да изјави дека му се радува на секое следно доаѓање во Македонија, но и своевремено кажа:

„Што се однесува до нашите концерти, се менуваат само првите редови. Ако публиката останеше иста, тогаш денес би имала околу 55 и 60 години. Во последните редови се стари добри фанови, кои со нас и младите, ја прават атмосферата уште позабавна”.

„Центарот за култура” во Битола на 11 мај ќе се движи со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови. Ова ќе биде уште еден настан каде ќе се потсетите на старата и добра музика, но и хитовите кои оставија белег на своето време.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Brothers Tobacco нa Широк Сокак, како и на билетарата во „Центар за култура” – Битола.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ара Маликиан во Скопје – концерт во „Македонска филхармонија”

На 18-ти октомври во Скопје, со почеток од 21 часот, на сцената во „Македонска филхармонија” …

error: Содржината е заштитена!