Почетна / Забава / Композиција од Дарија Андовска на над 35 радио-станици во целиот свет

Композиција од Дарија Андовска на над 35 радио-станици во целиот свет

На 13.10.2021 во 20ч во Биоскоп Балкан во Белград, во рамките на 67-то издание на IRC – International Rostrum of Composers, на концертот на ансамблот Метаморфозис ќе се изведе композицијата „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар од македонската композиторка Дарија Андовска.
Дарија Андовска е најавена како драг гостин од Македонија во програмата со реномирани современи српски композитори како Бранка Поповиќ, Александра Вребалов, Наташа Богојевиќ, Иван Марковиќ и Драгана Јовановиќ.


Ансамблот Метамофрозис и нивниот уметнички раководител Саша Мирковиќ се едни од водечките промотори на современа музика во Србија и на Балканот.
Интернационалниот Рострум на Композитори веќе седма деценија е најважната платформа за размена на современа музика преку радио-емитување. Исто така е голема можност за професионалниот развој и размена на искуства помеѓу радио-продуценти и презентери.
Повеќе од 35 национални радио-станици од целиот свет учествуваат со над 100 дела кои не се постари од 5 години. Во последните 2 години делата на композиторите биле емитувани над 2000 пати на учесничките радио-станици низ целиот свет.
Македонија не учествува во овој настан преку соработка со сопствена радио станица, но сепак на овој голем настан од светски ранг ќе прозвучи музика и од македонски автор токму преку Дарија Андовска, а благодарение на ансамблот Метаморфозис и Саша Мирковиќ, на кои е посветена композицијата „даМар“ и кои ја дадоа нејзината праизведба/светската премиера во Белград во јули оваа година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!