Почетна / МК Сцена / Каролина „растура“ – концертите во декември се продаваат како алва

Каролина „растура“ – концертите во декември се продаваат како алва

Поради екстремно брзото распродавање на двата концерта, тимот на Авалон продукција се одлучи да го продолжи времетраењето на убавите моменти со извонредните Каролина, Дуке и Исмаил со втор концерт истата вечер, некаде пред полноќ во сабота, на 24ти декември.
Влезниците за овој навистина невообичаен и раритетен настан се веќе во продажба oнлајн на овој ЛИНК.

Потсетуваме дека првите два концерти се распродадоа за рекордно кратко време што говори за неверојатна заинтересираност да се присуствува на концерт на македонското девојче.

Каролина е доказ дека со нормално, сталожено и светско однесување може да се остане на врвот во Македонија. Без скандали, без трачеви, без глупирања сите овие години. Омилена на сите генерации од 1991ва до ден денес. Мега ѕвездата “растура” и понатака.

Не пропуштајте ја и оваа шанса да бидете дел од магичната вечер со Каролина, Дуке и Исмаил. Песни за љубов и копнеж, песни кои допираат до срцето и ја растреперуваат душата. Носталгијата е секогаш на цена, а отпеана од бисерното грло на Каролина, добива бесценета вредност.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Funk Shui со нов видео спот за песната „Никогаш пак”

Funk Shui со константната работа на својот израз, ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти …

error: Содржината е заштитена!