Почетна / МК Сцена / Каролина и оркестарот на Филхармонија со концерти во февруари

Каролина и оркестарот на Филхармонија со концерти во февруари

Нов проект на единствената Каролина Гочева. Два концерта со оркестарот на Македонската филхармонија, на 15-ти и 16-ти февруари. За прв пат и во сосема поинаква варијанта, Каролина на сцена ќе ја придружува целиот музички ансамбл на Македонската филхармонија, со репертоар кој ќе ги опфати најубавите песни од нејзината досегашна кариера, во комплетно нови аранжмани.

Иако концертите на нашата најголема музичка ѕвезда Каролина Гочева со Македонската филхармонија, се закажани за 15-ти и 16-ти февруари и има три месеци до нивното одржување, на првиот продажен ден Авалон информира дека и двата се половина распродадени. Ова е само уште еден показател дека публиката секогаш е желна да ја слуша Каролина во живо и доказ дека македонски артист и тоа како распродава концерти.

Билетите по цена од 1.000 денари се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на www.avalon.mk.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Пејачката Викторија Лоба „удри“ со навреди по 1 ТВ

Нов скандал на повидок. Откако 1 ТВ и магазинот “Ексклузив” објавија листа на момчињата на …